Црна хроника
Скопјанец обвинет за разбојништво во обложувачница

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело разбојништво.
Обвинетиот 28-годишник на 20.9.2019 година влегол во обложувачница на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје носејќи кујнски нож со сечило од 15 сантиметри во десната рака. На оштетениот вработен во обложувачницата му се заканил и побарал да му ги даде парите. Вработениот се исплашил и ги отворил фиоките, ги извадил парите и му ги ставил во кесата што ја носел обвинетиот. По ова, обвинетото лице го напуштило објектот со прибавена противправна имотна корист од 15.000 денари, а билo лишенo од слобода два месеца подоцна.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, и тоа по три основи: опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетениот и веројатност да го повтори делото што му се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Радовиш, бил удрен од „мерцедес“

Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
Црна хроника
Син истепал татко, брат нападнал сестра: два случаи на семејно насилство во Кисела Вода

На 07.10.2025 во 11:21 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот 35-годишен син физички го нападнал и оштетил дел од покуќнината.
Вчера во 09:18 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 08:30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот малолетен син.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите
Црна хроника
Кривична против тетовец: заградил парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.