Вести
Напаѓачот од Отава кандидат за џихад во Сирија

Канаѓанецот кој во средата уби еден војник во канадската престолнина Отава а потоа влезе во зградата на парламентот, предал барање за повторно издавање на пасош за да замине во Сирија, соопшти во четвртокот навечер началникот на Кралската жандармерија на Канада (GRC), Боб Полсон.
Мишел Зихаф-Бибо, 32-годишникот од франкофонската покраина Квебек кој се преобратил во исламот пристигнал во Отава на 2-ри октомври поради пасош и се надевал дека ќе замине во Сирија, изјавил Полсон на прес-конференција, прецизирајќи дека тоа го изјавила мајката на осомничениот за терористичкиот напад, пренесува AFP.Мишел Зихаф-Бибо, кој потекнува од татко Либиец Булгасем Зихаф и мајка Сузан Бибо, предал, предал молба за издавање на патна исправата и Кралската жандармерија на Канада (GRC) истражувала дали ги исполнува условите, додал за новинарите началникот на жандармеријата, Боб Полсон.Весникот The Globe and Mai, повикувајќи се на свои безбедносни извори, претходно во четвртокот објави дека канадските власти неодамна 32-годишниот Мишел Зихаф-Бибо го прогласиле за патник од висок ризик и му ја одземале патната исправа.Полсон, кој е задолжен за истрагата за случаите за кои постои сомневање дека се мотивирани од исламски радикализам, рекол дека не постои никаков податок кој би упатувал на поврзаност меѓу двата атентата во Канада оваа седмица во кои се убиени две а ранети се четири лица.Во понеделникот 24-годишниот Мартен Кутур-Рулео со автомобил усмрти еден војник на паркиралиштето во Сен-Жан-сур-Ришелје во Квебек, по што беше смртно застрелан од полицијата. Полсон истакна дека на напаѓачот во парламентот Мишел Зихаф-Бибо поради судската картотека му било забрането носење оружје. Агенцијата Reuters наведe дека Зихаф-Бибо веќе имал неколку судири со канадската полиција во Квебек. Судски записи, имено, укажуваат на три случаја од 2004 година во коишто е вклучен и Зихаф-Бибо кога ја признал вината за две кривични дела поврзани со дрога и е обвинет за непочитување на судијата. Полицијата сега треба да го утврди потеклото на пушката од марката „винчестер“со којашто го убил војникот Нејтан Сирило само неколку минути пред пукањето во зградата на парламентот, пред споменикот на канадските жртви во војните во центарот на главниот град Отава.Полсон, исто така, изјавил дека безбедносните служби идентификувале 93 Канаѓани кои покажале намера да отпатуваат во странство за да се борат на страната на екстремистичките исламистички групации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.