концерти
Скопскиот бенд „Светлост“ ја освежи светската џез-сцена со нов албум – „Џез (за работничката класа)“
„Светлост“ е џез-трио од Скопје, кое од издавачката куќа „ПМГ рекордингс“ го опишуваат како веројатно најдобро скриената музичка тајна во земјата.
Сепак, иако овој бенд можеби е тајна за домашната јавност, работата на Дени Омераѓиќ (бас/синтисајзери), Нинослав Спировски (саксофон/кларинет) и Кристијан Новковски (тапани) добро ѝ позната на светската џез-јавност.

„Појавата на нивниот деби-албум Odron Ritual Orchestra во 2019 го промени пејзажот на сите релевантни годишни џез-листи и доби неверојатно позитивни критики. Сето тоа резултира со неверојатен интерес за овој албум и состав по што ‘Светлост’ успеа да продаде импозантен број носачи на звук преку водечката светска онлајн-продавница Band Camp“, информираат од „ПМГ рекордингс“.
Сфаќајќи ја својата работа мошне сериозно, „Светлост“ сега ги изненади љубителите на музиката со нов албум со името Jazz (to the Working Class), чија домашна промоција ќе се случи в четврток, 6 февруари, од 21 часот, во скопскиот локал „Котур“.
„Нивниот активен, па и амбициозен однос кон слободниот џез, а во овој случај и македонската етномузика, доаѓа до полн израз, а публиката добива изненадувачки оригинална и автентична музика. Ова е покана за заедничка сонична авантура во предели што вреди да се искусат како со слушниот така и со апаратот за фантазирање“, велат од дискографската куќа „ПМГ џез“, која е цврсто решена да ги регистрира најквалитетните македонски изблици од оваа музичка област.
Новиот албум на „Светлост“ сите заинтересирани слушатели може да го набават на следниов линк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

