Регион
Четиринаесет српски државјани на крузерот ставен во карантин во Јапонија
На крузерот Diamond Prince, ставен во карантин поради коронавирусот, се наоѓаат 14 српски државјани, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за „Танјуг“.
„Јапонското Министерство за надворешни работи нè извести дека на бродот Diamond Princes, кој е ставен во карантин поради коронавирусот, има 14 српски државјани – 12 члена на екипажот и двајца патници, како и еден црногорски државјанин“, рече министерот.
Дачиќ истакна дека српската амбасада во Токио стапила во контакт со српските граѓани на тој брод и дека се добри.
Тој додаде дека сите патници ќе треба да останат во карантин 14 дена.
Со коранавирус се заразени десет лица од крузерот, кој со 3.700 патници се вратил од Хонгконг и се закотвил во јапонското пристаниште Јокохома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дојде време интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ да стане реалност: Лајчак од самитот на Берлинскиот процес
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој учествуваше на денешниот самит на Берлинскиот процес, изјави дека е дојдено време интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ да стане реалност.
Лајчак на социјалната мрежа „Х“ оцени дека во рамките на Берлинскиот процес биле направени многу корисни работи за луѓето од регионот.
„На 10-годишнината пораките беа многу јасни: многу е постигнато за луѓето од регионот, но дојде време интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ да стане реалност“, рече Лајчак.
Тој додаде дека на денешниот самит на Берлинскиот процес учествувал на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц.
Регион
Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиќ
Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата.
Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ досега се потврдени четири смртни случаи. Потрагата по уште едно исчезнато лице од Коњиќ се уште трае, јавува „Аваз“.
Поради големи поплави и одрони, сообраќајот на автопатот Коњиќ – Јабланица – Комадиново Врело беше во прекин претходните седум дена. Одроните предизвикаа голема штета, одземајќи делови од коловозот и железничките пруги, но интервентната санација овозможи да минат спасувачките екипи и итните служби.
Регион
За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање
Од вчера до денес Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
Најсилниот земјотрес се случи кај Врање во селото Корбевац со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес е забележан во неделата (13 октомври) во 04:28 часот, а епицентарот бил во селата околу Врањска Бања.
Додека последниот земјотрес беше регистриран рано утринава околу шест часот по локално време, магнитудата беше 2,3 степени според Рихтеровата скала.