Македонија
(Видео) Отворен ден на „Дрисла“: Град Скопје презема итни мерки за консолидација на депонијата

Новинарски екипи и активисти од еколошките граѓански организации денеска ја посетија депонијата „Дрисла“ и направија увид во состојбата на теренот во рамките на отворениот ден на „Дрисла“ што го организираа Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Како што веќе знаете, од 20 јануари оваа година Град Скопје повторно е сопственик на депонијата ‘Дрисла’ по деветгодишната голгота и двегодишната правна битка кшто ја водевме. Град Скопје, конечно, стави целосна контрола врз депонијата ‘Дрисла’. Во моментот овде на ‘Дрисла’ по мој налог се врши внатрешна ревизија со цел да ги видиме сите движења на финансиите. Наидуваме на чудни работи, луѓе што живеат во Австралија се воделе како вработени овде и им била давана плата. Работиме и на тоа да ја оспособиме машинеријата што ја имало јавното претпријатие пред да стане приватно со цел трошоците за изнајмување градежни машини, што било пракса во минатото, да ги избегнеме или намалиме. Заедно со тимот и со директорот Коста Начевски сме во разработка на план за набавка на нов стерилизатор, кој, според моите очекувања, може да биде ставен во употреба во април годинава и да се доврши договорот, кој, за жал, никогаш не беше реализиран од приватните партнери. Во разговори сме и за гасовите што се создаваат овде да биде изградена постројка со која од тие гасови ќе се произведува електрична енергија. Мојата идеја и цел е со инвестиции во овој дел и со инвестиции во пречистителната станица за отпадната вода ‘Дрисла’ да стане првата санитарна депонија во нашиот град“, рече Шилегов.
Шилегов нагласи дека Град Скопје и тој како градоначалник се гарантот за исправноста на идното работење на „Дрисла“.
„Гарантирам пред граѓаните дека по 20 јануари, сè додека сум јас градоначалник на Скопје, овој капацитет на Град Скопје ќе работи според сите позитивни законски прописи и сите немили случки или сомнежи дека нешто такво би можело да се случи во иднина ќе ги нема“, додаде Шилегов.
На отворениот ден на депонијата „Дрисла“ присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го честита Денот на Армијата: Нашите херои во униформа се гарант за сигурна иднина

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатуваме искрени честитки до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, до сите сегашни и поранешни воени лица, како и до нивните семејства, по повод 18 август – Денот на Армијата“, велат од СДСМ.
„Армијата претставува столб на сигурноста, одбраната и стабилноста на нашата држава. Со својата посветеност, дисциплина и професионалност, армиските припадници се грижат за безбедноста на нашите граѓани и за заштитата на територијалниот интегритет на земјата.
Посебно горди сме што токму во време на владеење на СДСМ, Северна Македонија стана 30. полноправна членка на НАТО – најсилниот безбедносен сојуз во светот. Со ова, нашата Армија стана дел од модерните армии на НАТО, со можност за обука, соработка и опремување според највисоки стандарди.
Членството во НАТО значи трајна гаранција за безбедноста на нашата држава, заштита на граѓаните и сигурна иднина за генерациите што доаѓаат. Тоа е и признание за квалитетот и способноста на нашата Армија, која денес рамноправно учествува во меѓународни мисии за мир и стабилност ширум светот.
Уште еднаш, срдечно честитаме и им оддаваме почит на сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија – нашите херои во униформа“, соопшти СДСМ.
Македонија
Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.
Од нив во моментов активен е само еден пожар, во општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен каде што гори мешана шума.
Под контрола е пожарот во општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје, каде што горат пасишта и мешана шума.
Како што соопшти ЦУК изгаснати се 26 пожари.
Македонија
„Влен“: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ

„Влен“ ги потсетува граѓаните дека оние кои денес сакаат да даваат „лекции“ за култура се токму оние кои 22 години ги измамија Албанците со Тетовската библиотека и театар. Поранешни функционери на ДУИ манипулираа со документи и процедури за јавни договори, злоупотребувајќи ја својата службена положба и имајќи корист од над 13 милиони евра од изградбата на овие институции, што е тешко предавство на националниот интерес, велат од „Влен“.
„Во меѓувреме, со доаѓањето на ВЛЕН во владата, за прв пат по децении, албанската култура признава опипливи достигнувања: Долгогодишниот проблем со вработувањето на членовите на Албанскиот ансамбл, запоставен од ДУИ, беше решен. За прв пат, Албанец ја предводи Филхармонијата во Северна Македонија. Во наше време, кога тоа не го правеа со децении, беше основан Гостиварскиот театар, отворајќи ги своите врати за албански уметници. Десетици Албанци беа вработени во културните институции. За прв пат, во секоја културна институција се донесени стотици трајни работни решенија, со што се гарантира безбедноста и достоинството на албанските работници и уметници.
Културата не е пропаганда, ниту фасада за прикривање на кражба и злоупотреба. Културата е идентитет, таа е достоинство, таа е наследство!
ВЛЕН ќе продолжи да го брани националниот интерес во културата, враќајќи им на Албанците она што им било ускратено две децении. Излажувањата на ДУИ завршија, ерата на вистинската албанска култура започна!“, се наведува во соопштението на „Влен“.