Македонија
Богоев од Вашингтон: Соработка и помирување за повеќе шанси на младите
Почнаа форумските сесии во рамките на Националниот молитвен појадок во Вашингтон (САД), на кој учествува и членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев.
Богоев беше дел од панел-дискусијата за млади. На овој форум учествуваа поголем број млади и истакнати личности од разни земји, ангажирани во разни области од општествено-политичкото живеење. Тие говореа за улогата на младите во општеството, шансите што ги нуди средината, но и постојаната потреба од учење и развивање на вештините.
Во директен разговор со младите лидери Богоев го истакна мирното решавање на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција, со што се отворија повеќе можности за соработка меѓу младите луѓе во регионот. На почетокот на оваа година Собранието го донесе и Законот за младинското учество и младинските политики, со што се дефинира категоријата млади (од 15 до 29 години). Во националниот буџет младите ќе бидат застапени со средства во висина од најмалку 0,3 отсто, а во локалните со 0,1 отсто.
Во рамките на првиот ден од Националниот молитвен појадок се обратија и повеќе конгресмени и сенатори. Меѓу главните говорници беше и претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата, кој зборуваше на тема помирување и соработка.
Изминативе денови претставникот на СДСМ оствари и средби со претставници од Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Се разговараше за евро-атлантските перспективи на нашата земја, последните чекори за полноправно членство во НАТО и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

