Црна хроника
20-годишно момче со возило удрило во пешак во Скопје

Синоќа, во 22.20 часот, на крстосница од улиците Бледски договор и Трифун Пановски во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Т.(20) од Скопје, удрило во пешакот Р. Ј. (53) од Скопје. Во незгодата Р. Ј. добила тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Грчки државјанин со пет евра сакал да поткупи цариник на Табановце

Грчки државјанин е уапсен на граничниот премин Табановце поради давање поткуп. При контрола на возилото тој во зелениот картон ставил пет евра за граничарот што го прегледувал.
Според информациите на МВР, вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
„Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Црна хроника
Управувал мопед под дејство на алкохол: уапсен кумановец

Утрово во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Претрес во Штип, приведен дилер, пронајдена дрога

Вчера во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 44-годишниот Ф.С. од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.