Вести
Владејачката Работничка партија во С. Кореја одржува прв конгрес по 36 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/severna20koreja20kongres.jpg)
Во Северна Кореја започна првиот конгрес на владејачката Работничка партија по цели 36 години, на кој се очекува лидерот Ким Џонг-ун дополнително да ја зацврсти контролата над земјата која е се повеќе изолирана поради настојувањата да дојде до нуклеарно оружје, пренесуваат светските агенции.
Севернокорејските власти во пресрет на конгресот се фалат за „чудесните резултати“ и велат дека напредокот во нуклеарната и ракетната програма е „најголемиот подарок“ за ретката партиската конвенција.
Странските новинари покането да го следат конгресот утрото не можеа да влезат во Домот на култура „25-ти април“, бетонската зграда уградена со црвени знамиња во која следните неколку дена ќе се одржува партискиот состанок.
Илјадници делегати од сите делови на Северна Кореја ќе учествуваат на првиот конгрес уште од 1980-та година, пред раѓањето на 33-годишниот Ким Џонг-ун. Зградата е опкружена со голем број на припадници на силите за безбедност, а пред зградата се паркирани голем број на празни автобуси.
Странските аналитичари очекуваат дека третиот лидер од династијата Ким официјално ќе ја усвои политиката на паралелен развој на нуклеарното наоружување и економијата и дополнително ќе ја зацврсти својата власт.
Специјалната програма на севернокорејската телевизија започна во четвртокот утрото, со пофалби за подвизите на комунистичкото раководство. Државното радио најави дека седмиот конгрес на Работничката партија „ќе открие значаен патоказ за конечната победа на револуцијата“, пренесува јужнокорејската агенција Yonhap.
Последниот конгрес на Работничката партија беше одржан уште за време на владеењето на Ким Џонг-ун, Ким Ил-сунг, основачот на севернокорејската држава. Таткото на Џонг-ун, пак, Ким Џонг-ил, кој почина во декември 2011-та, не одржа ниту еден партиски конгрес./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.