Контакт

Вести

САД проверуваат дали е убиен „воениот министер“ на Исламската држава

Објавено пред

САД се обидуваат да утврдат дали главниот оперативен командант на екстремната сунитска групација Исламска држава, Абу Омар ал-Шишани, или со вистинско име Тархан Батирашвили, е навистина убиен во неодамнешен воздушен напад насочен против него, соопштија ноќта кон средата американски извори.
 

dobivaj vesti na viber

САД се обидуваат да утврдат дали главниот оперативен командант на екстремната сунитска групација Исламска држава, Абу Омар ал-Шишани, или со вистинско име Тархан Батирашвили, е навистина убиен во неодамнешен воздушен напад насочен против него, соопштија ноќта кон средата американски извори.

 

Како што објави портпаролот на Пентагон, Питер Кук, операцијата била изведена на 4-ти март во областа на градот ал-Шаддад во сириската провинција Хасека, 612 километри од сириската престолнина Дамаск, на границата меѓу покраините Рака и Деир-ез-Зор. во областа се наоѓа големо нафтоносно поле кое е под контрола на Исламската држава од пред три години. Градот има стратешко значење бифејќи се наоѓа на автопатот кој го поврзува ирачкиот град Мосул како главна база на џихадистите.

„Веројатното елиминирање на Абу Омар ал-Шишани негативно ќе се одрази на способноста на Исламската држава да регрутира странски борци, особено од Чеченија и од Кавкаскиот регион, како и ќе ја намали можноста на Исламската држава да ги координира нападите врз своите утврдени позиции во областа Рака во Сирија и во Мосул во Ирак“, изјави Кук без да го прецизира исходот од воздушниот удар. Според него, во моментов се правата процени на резултатите од операцијата.

„Батирашвили е државјанин на Грузија кој извршувал многу високи воени позиции во Исламската држава, вклучително и позицијата ‘министер на војната’. Тој е висок командант на Исламската дражва и член на Шурата (советот – з.р.), чие седиште е во сириска Рака“, додал портпаролот на американското министерство за одбрана, пренесе агенцијата РИА.

„Во моментот на нападот Батирашвили бил испратен во ал-Шаддад за да ги зајакне милитантите на Исламската држава по серијата значајни стратешки порази коишто им ги нанесовме ние и локалните сили. Тие операции ги пресекоа можно“, прецизирал Кук.

Според него, Батирашвили лично водел единици на Исламската држава во борби во Ирак и во Сирија.

Портпаролот на Пентагон истакнал дека ал-Шипани е ставен на листата терористи кои се под санкции од страна на американското министерство за финансии. По него е распишана награда од пет милиони долари за информација којашто ќе помогне да биде елиминиран.

Претходно за американската телевизиска мрежа CNN неколку неименувани американски функционери, потврдиле дека Вашингтон ја проверува можноста за ликвидацијата на Омар ал-Шишани, чиј прекар всушност значи Омар Чеченот.

Роден 1986 година во Грузија, која во тој период уште беше во составот на поранешниот Советски сојуз, ал-Шишани важеше за многу близок воен советник на челникот на Исламската држава, Ирачанецот Абу Бакр ал-Багдади, кој често изјавувал пред приврзаниците дека е многу тесно поврзан со него.

Двајца американски функционери во изјави за CNN изразиле оптимизам поради нападот, но сепак истакнале дека исходот до нападот не е утврден, како ниту судбината на Шишани. Третиот функционер потврдил дека , Батирашвили бил цел на нападот.

Четврти американски функционер, кој исто така сакал да остане анонимен, за Reuters прецизирал дека цел на воздушниот удар било возилото со коешто се верува дека се превезувал ал-Шишани и тоа кога бил во него, одбивајќи да каже други поединости.

Претходно медиумите повеќепати известуваа за наводно ликвидирање или апсење, потсетува агенцијата РИА. Така во октомври минатата година сириски воен извори јавија дека тој наводно бил ликвидиран во Сирија. Извештаи за негово загинување неколкупати објавија и редица арапски медиуми./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија2 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија3 часа

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија4 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион5 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет6 часа

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија7 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија7 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија1 ден

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија1 ден

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа1 ден

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет1 ден

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...

Свет1 ден

(Видео) Десетици торнада ја опустошија Оклахома, четворица загинати, прогласена е вонредна катастрофа

Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада...

Свет1 ден

(Видео) Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Во голема експлозија во воена база во југозападна Камбоџа загинаа 20 војници, а неколку беа ранети. Како што пишува „Скај...

Свет1 ден

Бела куќа: Бајден разговараше со Нетанјаху, ја повтори својата позиција за инвазијата во Рафах

„Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повтори својот јасен став за можната инвазија на...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува поддршка за Силјановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во втор круг

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во...

Македонија2 дена

(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај...

Свет2 дена

(Фото+видео) Серија торнада беснеат низ Америка: ветерот дигна вагони од пруга, уништени стотици домови

Стотици домови беа сериозно оштетени или целосно уништени бидејќи повеќе торнада погодија делови од Централна Америка. Надлежните најавија дека и...