Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите врз министерката Рашела Мизрахи

„Бранко Тричковски, ударното перо на СДСМ, само го пишува тоа што Зоран Заев го мисли и му го диктира.Бранко Тричковски се чувствува слободен да шири омраза, да навредува и омаловажува само заради тоа што знае дека Заев и неговите обвинители го штитат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата најостро ги осудува антисемитските напади од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло, Рашела Мизрахи.
„СДСМ и Заев се во голема паника зoшто знаат дека доаѓа нивниот крај. Затоа сега се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза. На јавноста и е јасно дека СДСМ и Заев стојат зад говорот на омраза на новинарите и медиумите кои тие ги финансираат.Република Македонија е држава градена врз антифашистички вредности, а Заев и СДСМ ја претворија во систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза.СДСМ ги поддржува и штити оние кои сеат омраза врз неистомилениците.Не е прв пат Тричковски да шири говор на омраза, а Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски да молчат и не преземаат ништо.Ова не смее да остане неказнето. Овие политики на СДСМ ја водат државата во амбис.За ова мора да има одговорност. По 12-ти април ќе се стави крај на штетните политики на СДСМ и ќе следи обнова на Македонија. Заев и СДСМ никогаш повеќе“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алиу: Вештачката интелигенција има голем потенцијал за унапредување на здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се обрати на Симпозиумот на лекарските комори од Централна и Источна Европа, кој се одржува во Скопје во организација на Лекарската комора на Република Северна Македонија каде присуствуваа претставниците од повеќе европски земји.
„Примената на вештачката интелигенција во здравството има навистина голем потенцијал за унапредување на здравствената заштита. Не помалку важна е и темата за планирање и управување со здравствениот кадар, бидејќи тој е најзначајниот ресурс во здравството,“ истакна министерот Алиу.
Тој додаде дека очекува заклучоците од овој Симпозиум да имаат практична примена во иднината.
„Уверен сум дека овој симпозиум ќе придонесе за подобри услови за работа на лекарите и поквалитетно лекување за пациентите“, заклучи Алиу.
Македонија
Пренџов: Суштинска работа е во вторник, во девет наутро, Комисијата да биде во АНБ

Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
„Во интерес на јавноста и на медиумите, сакам уште еднаш да апострофирам дека после нашиот повик за итна на седница на Комисијата за надзор на за работата на АНБ и АР, односно утврдување на датум за посета на агенцијата национална безбедност, сите политички чинители беа „за“. Второ, актуелниот претседател на Комисијата, г. Скендер Реџепи од Европскиот фронт на ДУИ, веднаш после мене имаше прес конференција на која што кажа дека тој нема да свика Комисија, дека нема ништо против да свика Комисијата претседателот на Собранието Гаши и тоа нема да биде прв пат. Зошто? Затоа што пред неколку месеци ние имавме седница на Комисијата, која што ја водеше, друг пратеник од опозицијата, а тоа е колешката Славјанка Петровска“, рече Пренџов.
Тој кажа дека императив, е на деветти, во девет часот наутро, Комисијата за надзор да биде во АНБ.
„Значи, првиот работен ден од денес, Комисијата да биде во АНБ со цело се запознае со сите списи и сите документи за оно што се случувало. Се друго, освен тоа, е изигрување на волјата на граѓаните и на јавниот интерес, бидејќи најбрзо посета во АНБ е дел од јавниот интерес. Дали кај има денес Комисија во 14, во 18 или во 22 часот, дали кај ја води Скендар Реџепи или госпоѓата Славјанка Петровска, е техничка работа. Суштинска работа е, првиот работен ден од денес, вторник во девет наутро Комисијата да биде во АНБ“, рече Пренџов.
Македонија
СДСМ: Мицкоски и Орце ќе продолжат со дивоградбите во Чаир и Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш го покажаа вистинското лице, заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење, велат од СДСМ.
„Со изјавата дека нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно призна дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје туку и понатаму ќе ги штити.
Ова е истата матрица која веќе ја гледаме години наназад: Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски и нивните градоначалници се дел од проблемот, а не од решението. Наместо да се справат со криминалните дивоградби, тие ги легализираат и охрабруваат, создавајќи уште поголем урбан хаос, уништувајќи паркови, јавни површини и го загрозуваат квалитетот на живот на граѓаните. СДСМ веќе предупреди: глас за Орце и ДПМНЕ е глас за претворање на Скопје во дивоградба.
Граѓаните на Скопје и на Македонија заслужуваат ред, закон и контрола над урбанистичкиот хаос, а не влада и градоначалници кои ги штитат криминалните структури. СДСМ ќе продолжи гласно да се спротивставува на урбаното дивеење, криминалот и дивоградбите што го уништуваат Скопје“, се додава во партиското соопштение.