Спорт
Лилард лут на судиите, Јута го совлада Портланд (Видео)

Јута Џез ги совладаа Портланд Трејлблејзерс 117:114 во драматичен меч во кој завршниот збор го имаа судиите. Тие го оштетија Портланд во последниот напад кога Руди Гобер го блокираше шутот на Демијан Лилард.
Драматичен меч одиграа Јута и Портланд, во кој домаќините се вратија по негативата од 17 поени, а во последната четвртина надополнија минус од седум коша.
Сепак спорен е последниот напад на Портланд. При резултат 116:114 за Јута, најдобриот играч на мечот, бекот на Портланд Лилард тргна на положување топката ја допре таблата, а потоа следувае блокада на Гобер. За судиите немаше ништо спорно, само го навлекоа бесот на Лилард.
Here's what happened when Dame went to tie the game vs. the Jazz… pic.twitter.com/bBh83h0H0Y
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 8, 2020
Подоцна Бојан Богдановиќ го постави конечниот резултат 117:114.
Богдановиќ со 27 поени ја предводеше Јута, ист број на поени кај Портланд постигна Си Џеј Мекалум, додека Лилард мечот го заврши со 42 поени.
Резултати:
Филалделфија-Мемфис 119:107
Вашингтон-Далас 1119:118
Бостон-Атланта 112:107
Индијана-Торонто 106:115
Оклахома-Детроит 108:101
Финикс-Хјустон 127:91
Сакраменто-Мајами 105:97
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер во 92.минута ја скрши Урава

Фудбалерите на Инер со тешка мака ја забележаа првата победа на клупскиот Мундијал. Со гол во 92.минута Интер ја победи Урава со 2:1.
Урава го шокира европскиот вице првак во 11.минута. Брилијантната акција на Канека со гол ја заврши Ватанабе.
До крајот на првото полувреме, Интер имаше две одлични шанси за израмнување, прво Лаутаро Мартинез шутираше над голот од добра позиција во 20-та минута, а пет минути подоцна Залевски беше блокиран во последен момент.
Интер продолжи да притиска во продолжението, но не беше премногу опасен по голот на Урава. Димарко ја имаше најдобрата шанса во 55-та минута, фати волеј, но топката помина над голот на Урава.
Шансата на Барела во 72-та минута беше само најава за тоа што требаше да се случи шест минути подоцна. Лаутаро Мартинез постигна прекрасен гол, шутираше од седум метри со ножички, покрај збунетите Јапонци за израмнување.
Тоа им даде крилја на Италијанците, кои во 90+2 минута стигнаа до пресврт и победа со голот на Карбони.
Спорт
(Видео) Оби Микел: Џексон и претходно правел вакви глупави грешки

Фудбалерите на Фламенго го победија Челзи со 3:1 во натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13-тата минута, но Бразилците доминираа во второто полувреме. Прво, Бруно Енрике израмни во 62-та минута, додека Данило постигна гол во 65-та минута за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Волас Јан во 83-та минута.
Работата на Фламенго му ја олесни Николас Џексон, кој доби директен црвен картон во 68-та минута. Сенегалскиот напаѓач влезе во игра четири минути претходно, а неколку моменти подоцна го удри Лукас Аиртон со високо крената нога. Судијата веднаш го исклучи и го остави Челзи со десет играчи.
Mikel didn’t hold back 😳
“Jackson needs to have a look at himself.”
John Obi Mikel had plenty to say after that red card.Catch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every game. Free. | https://t.co/i0K4eUu4lJ | #FIFACWC #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/HHyiKK68ax
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 21, 2025
Џон Оби Микел (38), пензиониран нигериски играч од средниот ред кој играше за Челзи од 2006 до 2017 година, жестокот го критикуваше Џексон. Оби Микел работи како стручен коментатор за DAZN, кој го емитува Светското клупско првенство.
„Невидено. Глупава, глупава, глупава грешка. Не знам што му беше во главата. Влегуваш во натпреварот, губиш со 2:1, тимот има потреба од тебе. И го правиш тој потег. Не му е прв пат. Истото го направи и против Њукасл во многу важен натпревар во борбата за Лигата на шампионите. Тогаш црвен, сега повторно. Не можеш постојано да ги правиш истите грешки.“
Кога водителката Кели Сомерс го праша дали Џексон можеби бил фрустриран што не играл од првата минута, Микел одговори: „Не ме интересира дали тоа го фрустрира. Ова е голем клуб, станува збор за конкуренција. Ако сте лути затоа што доаѓа Делап (нов играч на Челзи) кој ќе ви биде конкуренција, прифатете го тоа. Ако сте одличен играч, мора да знаете како да се борите за место. Тоа е единствениот начин да освоите трофеи.“
Спорт
Ако Парти замине, Арсенал ќе го донесе Норгард

Трансферот на Мартин Зубименди реши само еден проблем во редот на врска во Арсенал. До крајот на преодниот рок, Микел Артета ќе мора да затвори уште една „дупка“.
Непланирано, Арсенал на пазарот ќе мора да најде уште еден дефанзивен играч во редот за врска.
Ваквиот епилог е резултат на неуспешните преговори со Томас Парти. Репрезентативецот на Гана од 30 јуни ќе биде слободен играч, клубот неколку месеци преговара со неовиот менаџер, но засега нема назнаки дека двете страни ќе најдат решение.
Менаџерот на лондонскиот клуб, Микел Артета, веруваше дека Парти ќе остане на „Емирати“ и дури не размислуваше за можна замена, но реалноста е поинаква. Медиумите во Англија тврдат дека Артета има решение.
Станува збор за искусниот играч за врска на Брентфорд, Кристијан Норгард, кој минатиот месец ја заврши својата шеста сезона во редовите на „пчелите“, но е врзан со договор со клубот до летото 2027 година, па Арсенал ќе мора да плати обештетување.
Според податоците на „Трансфермаркт“, пазарната вредност на поранешниот фудбалер на Брондби и Фиорентина е 11 милиони евра. Ова значи дека Арсенал ќе мора да издвои помеѓу 15 и 20 милиони евра за да го реализира трансферот.