Македонија
Асоцијација на спортски обложувалници: 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа со новиот Закон за игри на среќа
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија предупредува дека со предлог измените на Закон за игрите на среќа и забавните игри кои се на дневен ред на 131-та собраниска седница, 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа.
„Апелирам до пратениците уште еднаш да го преиспитаат ставот за усвојување на измените на Законот за игрите на среќа. Дали се подготвени да избришат една цела стопанска гранка која дава значаен придонес во државниот буџет и директно вработува 7.700 луѓе кои индиректно подржуваат 54.000 работни места во други стопански гранки? Дали се подготвени да ризикуваат да избришат една целосно регулирана индустрија и да создадат услови за нелегално обложување и сива економија?“, предупредува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.
„Измените на Законот се носат без соодветни претходни анализи на состојбата, социјални и финансиски импликации кои истите би ги предизвикале. За своето работење, спортските обложувалници плаќааат лиценци кон државата кои им гарантираат услови за работа во периодот за којшто е издадена таа лиценца. На основ на издадената лиценца, приредувачите на игри на среќа во обложувалница ги прават своите проекции за инвестирање, нови вработувања и развој. Условите кои ги наметнува новиот закон значат прекин на правата кои ги регулира лиценцата. Како државата ќе ги обештети и надомести средствата дадени за лиценца и инвестиции по секое уплатно место? Освен за обложувалниците, ова ќе значи и огромна загуба за државата која притоа ќе ги загуби и 253 милиони евра, кои по основ на давачки и даноци секоја година се слеваат во државната каса.
Асоцијацијата на спортски обложувалници констатира дека со ваквиот предлог закон ќе се предизвика правна несигурност на страната на субјектите на коишто им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење согласно Законот за игри на среќа. Ваквиот предлог Закон прави директен упад во издадените и веќе постоечки лиценци. Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот во тековната или наредните фискални години.
Со Министерството за финансии, АСОМ во изминатиот период има остварено средби и доставено соодветни барања и мислења за начинот на регулирање на индустријата, со коишто нема да се предзвика штета ниту на субјектите коишто се лиценцирани ниту на буџетот, а притоа ќе се зајакнат стандардите и начинот на работа на друштвата кои се лиценцирани. Заради ова сметаме дека во овој момент, Министерството за финансии треба да излезе со свој став и мислење по предлог законот. Предлозите кои ги доставивме и ставовите кои се разгледувани со Министерството со финансии се компаративни со регулативата во земјите членки на европската унија, и истите се во насока на тоа дека ниту една европска земја не ја разгледува можноста за забрани, туку квалитетно регулирање на игрите на среќа“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

