Свет
Напаѓачот во Тајланд и натаму е во трговскиот центар од каде се слушаат рафални истрели
Неколку рафални истрели од автоматско оружје се слушнале околу 2:40 часот по полноќ (по локално време) од трговскиот центар во североистокот на Тајланд, каде, како што соопшти полицијата, и натаму се наоѓа војникот осомничен за убиство на најмалку 20 лица.
Во пукањето засега се пријавени 31 повредени.
Безбедносните сили претходно влегоа во трговскиот центар за да спасат стотици луѓе заробени внатре.
Полицијата сè уште не ги коментира слушнатите истрели.
Претходно беше објавено дека напаѓачот идентификуван како Џакрапант Тома го убил својот командант и две други лица и украл оружје од воениот камп, пренесува Би-би-си.
Осомничениот потоа возел кон центарот на градот, кој е над 250 километри оддалечен од Бангкок и влегол во трговски центар, каде се верува дека се уште се наоѓа.
ช่วงที่ยิงหน้าห้าง ก่อนเข้าไปในห้าง pic.twitter.com/rpD5lbzZQK
— ฮุก31 นครราชสีมา Hook31 (@Hook31_Thailand) February 8, 2020
Локалните медиуми објавија и снимки на кои се гледа дека војникот излегува од автомобил пред трговскиот центар и пука додека луѓето бегаат.
АП известува дека мотивот за нападот бил спор околу земјиште.
Осомничениот на својот Фејсбук-профил ден пред нападот напишал дека „Смртта е неизбежна за сите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

