Спорт
Кингси триумфираат во низа, Јокиќ и Мареј ги „туркаат“ Нагетси (видео)

Сакраменто е во Серија од три победи во низа, па сега екипата од Калифорнија беше подобра и од Сан Антонио, со резултат 122-102. Во победничката екипа Бади Хил беше најефикасен со 31 поен, Барнс забележа 25, а на другата страна Мареј постигна 17 поени.
Нова победа забележа и Денвер Нагетс на гостувањето кај Феникс, 117-108. Прва виолина кај Нагетси повторно беше Србинот Никола Јокиќ, кој заедно со Џемал Мареј донесе нов триумф за својата екипа. Јокиќ мечот го заврши со 23 поени, 9 скока и 6 асистенции, а Мареј броеше со 36.
Милвоки ја продолжува серијата со одлични партии. Бакси во Орландо дојдоа до четвртата врзана победа, 112-96. Иако слаба партија имаше Адетокумбо, сепак „повлекоа“ Мидлтон и Лопез. Тој постигна 23 години, а Мидлтон броеше до 21 поен.
Тимовите од Лос Анџелес имаа половичен учинок. Лејкерси во дербито на Калифорнија нагости славеа со 125-120 против Голден Стејт, а Клиперси беа убедливо поразени во Минеаполис од Тимбервулфси со 142-115.
Во останатите ноќешни мечеви Никси во Детроит ги совладаа Пистонси со 95-92, Њу Орлеанс ги совладаа Пејсерси со 124-117.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин