Спорт
Леонардо: Мбапе не е разгалено детиште

Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо застана во одбрана на Килијан Мбапе, кој се најде на ударот на јавноста поради начинот на кој се однесуваше кон тренерот Томас Тухел кога тој го извади од игра на мечот со Монпелје.
„Не ми се допаѓа тоа што се случи. Кога играч ќе го напушти теренот и потоа ќе дискутира на таков начин со тренерот…Тоа не е во ред. Ќе разговараме, ќе ја решиме таа ситуација“, рекол Леонардо и дополнил.
„Не прифаќам дека тој е разгалено детиште. Тој е одлична личност, фантастичен играч. Од четворицата најдобри напаѓачи во светот еден има 35 години (Роналдо), вториот 32 (Меси), третиот 28 (Нејмар) и четвртиот 21 (Мбапе). Последните двајца играат во нашиот тим, треба да сме среќни поради тоа. Јас сум среќен спортски директор. Треба да ја видиме нашата предност во ова. Во фудбалот е важна забавата. Треба да престанеме да зборуваме за проблемите“, заклучил Леонардо.
Веднаш по инцидентот со тренерот Тухел, поранешниот светски првак со Франција Кристоф Дугари го нарече Мбапе „разгалено детиште“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус во Лондон ја најде замената за Влаховиќ

Душан Влаховиќ ја игра последната сезона во дресот на Јувентус. Не ги опрвада вложените 82 милиони евра во неговиот трансфер од Фиорентина.
Србинот влезе во последната година од договорот, ги одби сите понуду да потпише нов за многу помала плата. Италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде Влаховиќ во зимскиот преоден рок. Планот е да извлече некое евро од неговиот трансфер, доколку тоа не му успе тгаш напаѓачот како слободен играч ќе го напушти клубот во јуни следната година.
„Тeam Talk“, тврди дека Јувентус веќе почнал да бара замена за Влаховиќ и дека изборот паднал на Габриел Жесус.
Арсенал веќе ја одредил цената за Бразилецот, а „Старата Дама“ мора да издвои околу 35.000.000 евра за неговиот трансфер.
Се додава дека Жесус го следи и Евертон, кој ќе биде главен конкурент во битката за потписот на напаѓачот на „топџиите“. Бразилецот сè уште се опоравува од сериозна повреда и наскоро треба да се врати на теренот.
Спорт
Невил: Керкез како да е фудбалер од младинскиот тим

Фудбалерите на Ливерпул забележаа три последователни порази по повеќе од две години. Тимот на менаџерот Арне Слот беше поразен со голови во судиското продолжение против Кристал Палас и Челзи во Премиер лигата, додека Галатасарај беше подобар од „црвените“ во Лигата на шампионите.
Голем број играчи на актуелниот шампион на Англија не се во добра форма, ова може да се каже за сите засилувања, освен за Уго Екитике.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, кој сега работи како стручен коментатор, по дуелот со Челси го критикуваше левиот бек Милош Керкез.
„Морам да бидам искрен, момчето Керкез изгледа како играч од младинскиот тим. Знам дека е добар играч, но изгледа како да игра за тимот до 21 година, за младинскиот тим. Како да е во академијата. Изгледа толку наивно… Како да е бебе на теренот. Сите 50- 50 дуели ги изгуби против Нето од другата страна. Мислам, играл во Премиер лигата, искусен играч е во Премиер лигата, не е како да доаѓа од друга земја. Има многу натпревари зад себе. Веќе очекував да се вклопи. Прво, игра покрај Вирџил ван Дајк, најдобриот дефанзивец во светот“, рече Невил.
Киеркез минатото лето пристигна в Ливерпул од Бортнмут во траснфер вреден 50 милиони евра.
Спорт
(Видео) Хорхе Мартин продолжува со закрепнувањето во Центарот за рехабилитација на Ред Бул

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, започна нова етапа во својата борба со повредата, која ја заработи на неодамнешниот спринт во Јапонија кога ја скрши клучната коска по падот во првата кривина.
Светскиот првак со Прамак во 2024 година, ќе ги помине следните неколку дена рехабилитациски во спортскиот центар „Ред Бул“ во Австрија, каде што ќе се обиде да го забрза закрепнувањето по страшната несреќа што се случи минатата недела.
An unfortunate teammate wipeout with bigger consequences for @88jorgemartin 💥
Hoping for a fast recovery ❤️🩹#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/VUX493BR6n
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 27, 2025
Центарот во Салцбург со години се смета за едно од најмодерните места за рехабилитација на професионалниспортисти и токму таму Мартин ќе бара излез од најтешката сезона во неговата кариера.
Според првичните прогнози, тој ќе биде надвор од патеките најмалку две недели. По пропуштената трка во Индонезија, Шпанецот нема да биде во конкуренција за трката во Австралија, додека реално е да се врати за Големата награда на Малезија, која се одржува од 24 до 25 октомври.
Mega day with @GBSnowsport visiting @redbull Athlete Performance Center and Hangar-7 #restday #highperformance #redbull #salzburg pic.twitter.com/1BfqJs74KX
— Sophie (@Sophie_T_SEM) February 25, 2023
Секако, сè ќе зависи од неговото закрепнување во Салцбург, а доколку работите се искомплицираат, враќањето би можело да се одложи до последните две трки од шампионатот – Португалија и Валенсија.
Дотогаш, Априлија ќе се потпира на услугите на тест-возачот Лоренцо Савадори.