Македонија
(Видео) Костадинов: Со законот за ЈО нема амнестија за никого, Мицкоски е нервозен зашто не успеа да го спаси Груевски
Законот за Јавно обвинителство е суштината за правна држава, владеење на правото и санкционирање на сите кои сториле кривични дела, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Очигледна е нервозата кај извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски, затоа што не успеа да го реализира налогот на Никола Груевски. Толку е очаен, што синоќешниот потег на извршителот Мицкоски преку обвинетиот Илија Димовски да глуми загриженост за законот всушност покажа дека воопшто не разбира правни процедури.
Законот ја гарантира нашата европска перспектива и наша обврска како партии е да покажеме одговорност и грижа за иднината на младите генерации. И покрај сите блокади, опструкции и противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот на партијата.
Со законот за Јавно обвинителство одговорно тврдиме дека нема никаква скриена амнестија за криминалот на режимот, туку ќе има одговорност за сите. Законот значи дека ќе има правна завршница за сите судски случаи во кои се обвинети поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот и ментор на Мицкоски.
Ова им е јасно во ВМРО-ДПМНЕ и затоа е големата паника во белиот дворец. Прислушуваните материјали остануваат докази до законскиот рок, а за другите предмети ќе бидат индиции. Тоа не значи никаква амнестија за никого. Напротив, законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.
Ние како пратеници во Собранието треба да се ставиме на страната на правдата, на страната на сигурната иднина и да гласаме за ова законско решение, секако да бидеме оптимисти и да очекуваме двотретинско мнозинство во Собранието. Ова ни е шанса да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава“, порача Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

