Вести
Бројот на жртвите од земјотресот во Непал надмина 1.500 луѓе

Бројот на жртвите од земјотресот кој во саботата претпладнето го погоди Непал надмина 1.500 луѓе, соопштија непалските власти, коригирајќи ја претходната бројка од 1.457 жртви.
„Повеќе од 1.500 луѓе загинаа во земјотресот во Непал“, се наведува во извештајот на телевизијата Times Now., којашто се повикува на изјава на министерот аза финансии, Рама Шаран Махата, кој кусо претходно соопшти дека се регистрирани 1.457 загинати. Според првичните процени, над 1.700 луѓе се повредени со разно степени на рани.
Според министерот Махата, податоците за жртвите ги собира непалската армија којашто се вклучени во операцијата за спасување.
Само во главниот град Катманду бројот на жртвите надминал 200, а многу згради и објекти се целосно уништени, пренесува телевизијата.
Весникот Times of India пренесува и дека индиските власти, исто така, ја коригирале бројките од непалскиот земјотрес кој силно се почувствувал и на територијата на северна Индија на 45 луѓе. Уште 12 жртви се пријавени на Тибет, две во Бангладеш.
Во земјотресот е урната една од знаменитостите на Катманди, кулата Дарара или Басмен, изградена во 1832 година, висока 62 метри, која е ставена на листата на УНЕСКО на светското културно наследство. Индиската телевизија NDTV пренесува дека спасувачите претпоставуваат дека под урнатините од кулата, којашто веќе еднаш претрпела оштетувања во земјотресот од 1934 година а последните десет години е отворена за туристите, можеби има повеќе од стотина луѓе.
Земјотресот чиј епицентар бил според последните прецизирани податоци, бил 80 километри од вториот најголем непалски град Покаре, бил на длабочина од два километра што ја зголемило неговата разорна моќ. Всушност се работи за го два моќни земјотреса, првиот се случил во 11,41 часот по локално време 9,11 по македонско време, со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер, чиј епицентар бил на повеќе од 85 километри северозападно од престолнината Катмандум, со жариште на длабочина од 15 километри. Вториот потрес се случил половина час подоцна и имал магнитуда од 6,6 степени, со хипоцентар на 10 километри длабочина.
Споменатиот земјотрес од 1934 година се смета инаку за најтешкиот кој некогаш го погодил Непал, кога загинале 8.500 луѓе.
Според информациите од непалското министерство за туризам, најмалку 18 алпинисти загинале во базниот камп во снежната лавина на Монт Еверест предизвикана од земјотресот. Во тек е шпиците на сезоната на искачување на врвовите на Хималаи, па властите настојуваат да стапат во контакт со стотици алпинисти.
Политичката нестабилност и оневозможува непалските власти соодветно да одговорат на ваквите кризи. Во 2001 година Непал дојде на насловните страници на медиумите, откако престолонаследникот Дипендра уби десет членови на семејството, вклучително и својот татко кралот Бирендра шах, пред самиот да си го одзеде животот. Потоа на власт дојдоа маоистите кои кралството го преуредија во република и монархијата официјално беше укината во 2008 година. Од тогаш во земјата се договара новиот устав.
Индија, пак, започна голема спасувачка и хуманитарна операција, по наредба на премиерот Нарандра Моди. Портпаролот на индиското министерство за одбрана, Ситаншу Кар, на Twitter објави дека во „авионот на воздухопловните сили ‘C-130J Super Hercules’, кој слет на аеродромот во Катманду, има 39 спасувачи и 3,5 тони хуманитарен товар“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.