Македонија
(Видео) Јанушев: Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ е махер само во затворање фабрики

Обновата пред секој дом, обновата во секој град доаѓа. Денеска сме овде, во Пробиштип, посетивме неколку фабрики меѓу кои и една конфекција. За жал, она на што сме сведоци денеска е дека власта, криминално-рекетарската банда на власт на Заев и СДСМ е махер само во една работа, за затворање фабрики“, обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„По 69 години работа, сведоци сме на затворање на ‘Тетекс’ во Тетово. Она на што се посветуваме, она што го ветуваме пред вас, граѓаните, е тоа дека со многу работа, со многу труд без воопшто да се штедиме ќе ја донесеме обновата по 12 април во државата.
Нема да ветуваме брда и долини, ќе ветуваме реални работи пред вас, граѓаните. А, што е реално? Реално е нашето ветување дека во следните четири години во периодот од 2020 до 2024 година ќе ја намалиме невработеноста под 10%. Ќе овозможиме зголемување на платите на сите за најмалку 25% или што би значело секој еден од вас да добие по околу 6.500 денари повеќе на платата. Ќе ги зголемиме пензиите за 20% или секој еден пензионер којшто е во пензија ќе земе околу 3.000 денари повеќе.
Го напуштаме концептот на прогресивниот данок, нешто што се виде дека како мерка е премногу избрзана. Но и мерка којашто и покрај сите критики оваа криминално-рекетарска банда на власт, спротивно на сите нормални економски текови, се обиде да ја вметне во стопанството. Тоа ќе го напуштиме, ќе го вратиме назад рамниот данок и во самите први 100 дена истиот ќе го намалиме на 9%.
Обновата доаѓа по 12 април со многу работа, со многу труд ќе ја воздигнеме државата од ова мочуриште во коешто во моментов се наоѓа“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на топло време со пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h).
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (Петок ) без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, ул. Ѓорѓи Капчев 7,5,13,9,3,15 (Општина Аеродром).
· Oд 09:00 до 14:00 часот, ул.Христо Татарчев. 27,26,24 (Општина Кисела Вода)
· Oд 09:00 до 16:00 часот, корисниците во Кисела Јабукана на ул. 44,46,54,62,64,66 (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
„Системот е следен“ – протест во Скопје за сите трагедии кои ја потресоа целата држава

Во Скопје попладнево се одржа протест на иницијативата „Кој е следен“, на кој се бараше правда за жртвите во досегашните трагедии, а беа прочитани и имињата на 61 жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, 14-те жртви во пожарот во модуларната болница, 45-те жртви од сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“, на 16-те жртви во превртениот автобус на „Дурмо турс“ кај Ласкарци, 22-те жртви од поплавата во Стајковци на 6 август 2016, како и на загинатите кои беа прегазени од автомобили на улиците.
„Денеска сме на улица да се избориме против системот кој не’ тера да ги заборавиме сите овие трагедии. Исто така протестираме за сите барања кои се изнесени во јавноста досега и властите се запознаени. Но, повеќе се вртат муабети кои сме ние, наместо да се обрати внимание на она што ние го бараме“, рече Анастасија Митревска од „Кој е следен“ на почетокот на протестот.
Протестот почна пред Владата, а потоа продолжи кон Собранието. На крајот, пред Основниот кривичен суд во Скопје дел од претставниците на „Кој е следен“ имаа свои обраќања изјавија дека не се нечии платеници туку се економисти, правници, ИТ инженери, психолози, доктори, учители, урбанисти кои немаат партиски штаб.