Македонија
Алијансата за Албанците бара разрешување на Мизрахи за кршење на законот

Алијансата за Албанците бара разрешување на техничката министерка за труд и социјална плитика, Рашела Мизрахи, за, како што велат од партијата, кршење на законот и поттикнување говор на омраза.
„Нејзиното однесување е непристојно и навредливо, така што за таквото однесување треба да сноси одговорност. Зборот министер значи слуга и со оглед на тоа што секој министер доаѓа во таа позиција да му служи на народот, тој мора да се однесува во согласност со обврската што ја преземаат од моментот на нивното назначување“, велат од партијата.
Од таму потсетуваат дека дека албанскиот јазик е јазик чија употреба е загарантирана со законот и Уставот, кој исто така го зборуваат повеќе од 1/3 од вкупното население во земјата со домородни и историски права.
„Алијансата за Албанците остро реагира на однесувањето на техничката министерка, која директно го крши законот, а од друга страна, е подготвена да ја плати казната со парите на Министерството заборавајќи дека буџетот на тоа министерство го исполнуваат албанските даночни обврзници, чиј јазик министерката се обидува да го негира“, велат од оваа партија.
Реакцијата следува кога Мизрахи ја смени таблата пред која држи прес-конференции во Министерството, на која пишува Република Македонија и името на државата е испишано само на македонски и на англиски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.