Спорт
Роналдо: Не сакав да си заминам од Барселона, тие ме избркаа
Легендата на бразилскиот фудбал, Роналдо, открива дека никогаш не помислил да замине од Барселона во 1997 година, и дека имал склучено нов договор со каталонскиот клуб, пред да дојде трансферот во Интер.
Роналдо помина само една година на „Ноу Камп“, во која го покажа својот неверојатен талент, но поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт претходно призна дека тогашната рекордна понуда од 27 милиони долари била едноставно предобра да се пропушти. Роналдо, така, наместо да стане легенда на Барселона, потоа се врати во Шпанија како фудбалер на вечниот ривал, Реал Мадрид.
„Имав потпишано договор за обновување на крајот на сезоната и заминав со националниот тим. Пет дена подоцна тие ми се јавија дека не можат да продолжат со обновување на договорот. Тоа не беше моја одлука, јас сакав да останам. Кога клубот не ме ценеше колку што треба, одлуката не беше моја“, вели Роналдо за „ДАЗН“.

Реал го врати во Шпанија во 2002 година во славната „галактикос“ ера на клубот од Мадрид, каде што во 177 настапи имаше 104 гола.
„Играв покрај Роберто Карлос за репрезентацијата и тој ми кажуваше за тоа што претставува Мадрид и што искусил таму. Тоа ми остана во умот и по неколку години го видов со сопствени очи. Беше уште поголемо од тоа што го кажуваше Роберто, поголемо од тоа што можев да го замислам. Имаше големи очекувања и голем притисок, но и најдобрите фудбалери на светот. На крајот покажавме добро шоу, имавме победничка генерација која го смени фудбалскиот бизнис“, вели Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

