Македонија
Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ доби пофалби од ЕУ за поддршката за законот за ЈО
Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало, се сретна со независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Васило им оддал признание за конструктивната поддршка за законот за Јавно обвинителство, за кои пратениците имаа свои барања кои беа прифатени од владата.
„ЕУ им оддава признание за нивната конструктивна поддршка за законот за Јавно обвинителство. Комесарот Вархеји се сретна со групата минатиот месец, нагласувајќи дека неговото усвојување би испратило сигнал за силна посветеност на реформите пред земјите членки на ЕУ да одлучуваат за отворање пристапни преговори“, пишува Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Пратеничката Нола Исмајловска-Старова во името на пратеничката група, вчера од собраниската говорница посочи дека кога се гласаше договорот од Преспа, 80 луѓе решиле да седнат и притиснат „за“ за да се заокружи во рекордно брз период членството во НАТО, а други избраа да останат покрај ѕидот во салата.
„Осум луѓе понесоа одговорност да опстојат на статутарните определби на својата партија, но и со тешките интереси на нашата држава. Емилија Александрова, Зеќир Рамчиловиќ, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Владанка Авировиќ, Крсто Мукоски и Елизабета Канчевска Милевска, бидете горди, бидејќи денес е денот во кој сите сме конечно повторно заедно, обединети и гласаме за Северна Македонија да ни биде побезбедна, посигурна и стабилна“, посочи Исмајловска-Старова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.“ стои во објавата.
Македонија
Минчев во Рим: усвоена новата декларација за реформи на јавната администрација во Западен Балкан
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија.
На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.
Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка.
Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата заврши со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA беше свечено од министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди.
Македонија
Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер
Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека во скопскиот регион дува силен јужен ветер, кој создава проблеми за безбедно слетување:
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, рече Ангелов.
Според информациите, ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите за приод и слетување на скопскиот аеродром.

