Црна хроника
Кривични пријави за тешки кражби
СВР Скопје до нaдлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.М. (20) и Д.Р. (20), двајцата од Скопје, поради извршени тешки кражби, соопшти МВР.
Имено, во периодот од 26. септември до почетокот на ноември годинава двајцата сториле едно кривично дело – “тешка кражба во обид“ како и две кривични дела – “тешки кражби“ и притоа се стекнале со противправна имотна корист од 270.000 денари.
Истражен судија на двајцата пријавени им изрече мерка притвор во траење од по 30 дена.
Според документираните сознанија на истрагата на почетокот на месецов, поточно на 1.11. околу 15.20 часот, двајцата пријавени извршиле “тешка кражба во обид“, во село Глумово, во куќата сопственост на Ш.З. (45) на тој начин што со употреба на погоден предмет (хебла) го искршиле еден од прозорците во куќата, потоа влегле внатре и почнале да пребаруваат но до крај не ги оствариле своите планови бидејќи биле откриени и фатени на лице место. Од обидот причинета е вкупна материјална штета од 30.000 денари.
Исто така М.М. и Д.Р. на 26. септември годинава, околу 19,00 часот, во населбата Лисиче на ул. „Мите Богоевски“ користејќи ја можноста кога во куќата сопственост на В.И. немало никој со хебла делувале на влезната врата, меѓу двете крила, ја отвориле, влегле внатре и направиле поголемо претурање.
Притоа, во една од фиоките на работната маса, поточно во детската соба пронашле и одзеле кожен машки паричник во кој имало 500 швајцарски франци и две кредитни картички од Комерцијална банка на име на оштетениот М.И. (26) – син на сопственикот на куќата. Пријавените по извршеното пребарување пронашле и одзеле уште две златни алки, женски рачен часовник, две монети, 10 женски прстени, два машки прстени и нараквица со што се стекнале со противправна имотна корист од 240.000 денари.
Покрај ова на крајот на минатиот месец, поточно на 29.10. во 16,00 часот на ул.“Скупи“ во куќа сопственост на Т.П. (77) М.М. и Д.Р. извршиле “тешка кражба“ на идентичен начин како и претходната при што од куќата одзеле златен прстен, златник со лик на Кирил и Методиј и 4 – 5 златни навлаки за заби, при што се стекнале со противправна имотна корист која сеуште не е утврдена. При вршење на наведеното дело во куќата биле затекнати од В.К. (29), снаа на оштетениот по што и истите избегале.
Првопријавениот М.М. во крим-евиденциите на СВР-Скопје минува за сторени кривични дела – “тешка кражба“, “кражба“, “разбојништво“ а, пак, второпријавениот Д.Р. е евидентиран покрај како сторител на посочените кривични дела и на кривично дело -“издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мирис на хлор и зголемена пареа на базен во хотел во Охрид, четири лица пренесени во болница
Вчера во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица.
Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност, информира СВР-Охрид.
Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
фото/Depositphotos
Црна хроника
Уапсени четворица мажи: возеле пијани, а двајца од нив удриле во паркирани возила
Ноќеска во 00:40 часот на улицата „Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 38-годишниот А.Ј. од Свети Николе. Претходно, тој со патничко возило „тојота“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во две паркирани возила и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,97 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 14:36 часот на улицата „14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода 59-годишниот М.М. од село Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тико“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,13 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 16:00 часот на улицата „22 Октомври“ во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода 55-годишниот А.К. од Радовиш.
Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „нисан“ и го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и притоа е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Ноќеска во 00:55 часот на улицата „11 Октомври“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 35-годишниот И.П. од село Избиште, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „порше“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото: МВР
Црна хроника
Пронајден пиштол во Кисела Вода, уапсен скопјанец
Вчера во 21:00 часот во Скопје, на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот А.Г. од Скопје.
Полициските службеници на булеварот „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршуми.
По документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР

