Свет
ОН: Кризата во Либан може да доведе до нова мигрантска криза во Европа
Висок официјален претставник на ОН предупреди дека Европа ќе се соочи со нова мигрантска криза ако ситуацијата во Либан, земја опустошена од економската криза и внатрешните судири, не се реши пред да стане пропадната држава, пренесува „Брејтбарт“.
Јан Кубис, висок претставник на ОН во Либан и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, предупреди дека кризата во земјата има потенцијал да испрати нови мигрантски бранови во Европа велејќи дека политичарите во ЕУ треба да работат на стабилизирање на ситуацијата за да ги поттикнат помладите Либанци да останат во својата земја.
„Либан е на брегот на Медитеранот. Само видете што се случува сега. Видете ги брановите миграција што ги создаваат многу други земји. И која е дестинацијата? Тоа е Европа“, рече Кубис за „Скај њуз“.
„Политичарите во Европа мора да разберат дека колку повеќе ќе поддржат реални реформи во Либан, под услов да навлезе во вистински реформи, толку подобро за нив затоа што може да ја стабилизираат ситуацијата во таков степен што ќе им даде перспектива на помладите Либанци да останат во сопствената земја“, предложи претставникот на ОН.
Кубис рече дека економската криза има потенцијал да стане безбедносна криза и дека ќе резултира во Европа да има комбинација на Сиријци, кои сè уште се како бегалци тука, како и на многу други, почнувајќи од Либанците.
Либан е потресен од граѓански немири од октомври минатата година кога владата предложи серија нови даноци за време на економската криза, вклучувајќи даноци на бензинот, тутунот, па дури и на апликацијата за пораки „Вацап“. Земјата изгуби над 200.000 работни места од почетокот на економската криза и речиси 10 отсто од сите бизниси во Либан се затворени.
Либанската фунта изгуби третина од својата вредност, што доведе до пад од 9 милијарди фунти во банкарските депозити во првите 11 месеци од 2019 година. Банките во Либан воведоа и ограничувања во повлекувањето на капиталот, со тоа што некои банки го ограничуваат повлекувањето на само 150 фунти на секои две недели.
Новата влада, предводена од Хасан Дијаб, поранешен професор, е формирана за да се справи со растечката криза. Сепак, министерот за надворешни работи на Либан, Насиф Хити, предупреди дека ситуацијата може да ја доведе земјата на патот да стане неуспешна држава.
„Ние сме многу свесни за овие многу сериозни проблеми со кои се соочува земјата: економска, финансиска криза, со силни општествени последици со текот на времето и, дефинитивно, може да има политички последици во смисла на хаос или што и да се случи потоа“, изјави Хити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

