Црна хроника
Жител на Порој му се заканувал на соселанец со гасен пиштол и воздушна пушка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М. А. (36) од тетовското село Порој поради постоење загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
На 3.1.2020 во с. Порој, Тетовско, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, по претходна расправија, поради нерасчистени долгови, пријавениот со гасен пиштол и воздушна пушка упатувал закани кон Б. И. (26) од истото село и неговото семејство. Набргу потоа на регионалниот пат Тетово – Јажинце полициски службеници извршиле преглед над лицето и возилото и оружјето било пронајдено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Внук ја пронашол починатата баба во Кисела Вода, и’ се слошило и паднала
Жена на 77-годишна возраст била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Кисела Вода, соопшти МВР.
Случајот на 24 октомври околу 12:50 часот во СВР Скопје го пријавил нејзиниот внук, И.С.Т., кој ја пронашол својата баба Д.С. во куќата. Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди причината за смртта.
Црна хроника
Млад скопјанец пријавен за обљуба врз малолетничка, делото го извршувал во повеќе наврати
Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Скопје поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка.
Како што информира МВР, делото било извршено во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември 2024 година во Скопје.
Црна хроника
Работник нашол човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ додека копал со багер
Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба.
Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта.
По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Фото: илустрација

