Спорт
Гвардиола: Зошто не би добил отказ ако испаднеме од Реал?
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека не би го изненадило доколку добие отказ во случај неговиот тим да испадне од Реал во Лигата на шампионите.
Евентуалната елиминација во осмина-финалето би била голем удар за клупските амбиции, ако се знае дека „граѓаните“ немаат шанси да ја одбранат титулата во Премиер лигата.
„Сонувам за дуели со Реал, ќе уживам во нив. Никој не би бил посреќен од мене доколку победиме. Но доколку не победиме зошто сопственикот или спортскиот директор не би ми рекол ‘Ова не е доволно. Ние ја сакаме ЛШ, ове ти отказ’. Би го прифатил тоа, ‘ОК благодарам ми беше задоволство’. Како и да е, ни следуваат два исклучително важни натпревари“, рекол Гвардиола.
Манчестер сити на 26 февруари ќе гостува во Мадрид, а реваншот во Англија ќе се одигра на 16 март.
Гвардиола како тренер има две титули во Лигата на шампионите, двете ги освои со Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ВАР ја спаси Франција против Исланд, Португалците славеа во Будимпешта, Австрија победи кај БиХ

Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија.
Ова беше прв пораз на Босна и Херцеговина во овие квалификации по четири победи. БиХ сè уште прва во Групата Х, но Австрија има натпревар помалку. Во истата група, Кипар и Романија одиграа нерешено 2:2.
Тесни победи забележаа Франција и Португалија.
Исланд поведе со 0:1 во Париз, но Французите успеаја да го свертат резултатот со головите на Мбапе и Баркола. По црвениот картон на Чуамени, Исланѓаните постигнаа гол во 89-та минута, но голот беше поништен.
Португалија славеше на гости против Унгарија. Барнабас Варга постигна два гола за домаќините, додека Бернардо Силва, Роналдо од пенал и Жоао Кансело за победа во 86.минута ги постигнаа головите за гостите.
Резултати
Франција – Исланд 2:1
Унгарија – Португалија 2:3
Босна и Херцеговина – Австрија 1:2
Кипар – Романија 2:2
Норвешка – Молдавија 11:1
Албанија – Латвија 1:0
Србија – Англија 0:5
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Норвешка спакува 11 парчиња во мрежата на Молдавија, се изедначи со Македонија на вечната листа

Норвашката репрезентација оствари рекордна победа од 11:1 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Норвежаните продолжија со совршениот настап во првите пет кола и сега имаат 15 бода со гол разлика од +21.
Натпреварот го одбележа феноменалниот Ерлинг Браут Халанд, кој постигна дури пет гола и додаде уште две асистенции, додека Мартин Одегард постигна еден гол со две асистенции. Блескаше и Тело Асгард, кој влезе во игра во 64-та минута и постигна четири гола до крајот на натпреварот. Еден гол постигна и Феликс Хорн Михре.
Интересно и голот за Молдавија го постигна репрезентативец на Норвешка, Лео Остигард си постигна автогол во 71.минута.
Со вечервашниот настап, Норвешка се приближи до европскиот рекорд, кога станува збор за квалификации за Светското првенство. Рекордер е Германија во 1970 година, го победи го победи Кипар со 12:0, а Норвешка се изедначи на второто место со Грција и Македонија.
Најголемите победи во историјата на европските квалификации за Светското првенство:
Германија – Кипар 12:0 (1969)
Норвешка – Молдавија 11:1 (2025)
Лихтенштајн – Македонија 1:11 (1996)
Унгарија – Грција 11:1 (1938)
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Англија ја декласира Србија среде Белград

Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Како стојат работите во оваа група на Англија, која има пет победи во исто толку натпревари потребна и е уште една победа за да избори место на Мундијалот наредното лето. Србија со Албанија ќе се бори за втората позција и место во баражот.
Од првата до последната минута натпреварот во Белград беше еднонасочна улица. Србите ниту еднаш не се заканија кон голот на Пикфорд.
Некако се држеа Србите во првите 30 минути, Англичаните ја контролираа топката но не можеа да го пробијат нискиот блок на противникот. Кејн го постигна првиот гол во 32.минута, а кога три минути подоцна гол постигна и Мадуеке, јасно беше дека Англија ќе победи.
Во второто полувреме, голови постигнаа централните дефанзивци Конса и Гуеи. Потоа Србија остана со играч помалку, црвен картон доби Миленковиќ, а точка на натпреварот стави Рашфорд од пенал во 90.минута.
Foto/ EPA