Македонија
Јанева пред презентација на другите снимки: Да видиме сега кој е изманипулиран, а кој нуди поткуп
Пред презентацијата на снимките што ги доставил осудениот Зоран Милески-Кичеец, а беа презентирани на денешното рочиште за „Рекет”, второобвинетата Катица Јанева побара јавноста да не биде исклучена при презентацијата на снимките.
Таа пред судијката рече дека сега ќе се види кој е изманипулиран, кој нудел поткуп, а кој манипулирал.
„Бараме да не бидат исклучени непријатните работи за да се види кој манипулира, кој е изманипулиран, кој нуди поткуп”, рече Јанева пред судот.
Бојан Јовановски потврди дека сака да се пуштат разговорите меѓу него и Милевски пред јавноста и се согласи со Јанева. Но, посочи дека бил незаконски сниман и дека не ги знае снимките.
„Јавноста ќе биде искчучена во делот каде Обвинителството наведе дека има потреба. Судот се грижи и за останатите лица, не само вие”, констатираше судијката Васка Николовска-Масевска.
„Ве молам јавноста да не биде исклучена”, повтори Јанева по одлуката на судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

