Македонија
(Видео) Арсовски: Арсовски: Дали со аудиоснимката од свиркачи се потврди спрегата меѓу Заев и Боки 13?
Зоран Заев е сценаристот и режисер на случајот „Рекет“ и тоа веќе сите го знаат. Зоран Заев е „капо ди тути капи“ и Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој три години ја пустоши Република Македонија, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Тоа што целата јавност го знаеше изминативе месеци по обелоденувањето на случајот ‘Рекет’, сега веќе се потврдува јавно. Зоран Заев бил целосно во тек со изнудите, злоупотребите и политичките притисоци преку кој работела медиумско-обвинителската машинерија. Целата јавност сега слуша и гледа дека Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева не можеле да рекетираат милиони евра без да имаат политичка заштита од највисоко ниво.
Случајот „Рекет“ очигледно се прикрива од страна на обвинителството на Русковска и Јовевски коишто се во директна спрега со Заев. Вчера јавноста беше сведок на шокантен доказ презентиран од страна на пратеникот Милошоски, а доставен од свиркач, кој индицира дека лицето Зоран Заев не само што остварувал редовни и непосредни комуникации со Бојан Јовановски, туку и директно го помагал финансирањето на неговата телевизија.
Јавно го прашуваме Заев да ѝ одговори на јавноста да не ја држи во неизвесност, иако веќе се знае, дали ова лице коешто говореше на снимката е Зоран Заев?
Ова е нова светлина на случајот што Русковска и Јовевски го заглавија само на двајца или тројца осомничени.
Новата аудиоснимка покажува дека ова лице за кое се сомневаме дека е Зоран Заев директно бил известуван за сите операциите што ги работел Бојан Јовановски, односно сопственикот на 1ТВ – Боки 13. Односно знаел дека изнудил пари за рекламирање на телевизијата, мамел бизнисмени за проекти на неговиот ‘Меѓународен сојуз’, но најстрашно со коешто се отвора сомнение дека на ваков начин лично СДСМ или владата на Заев на неколку пати помагале во телевизијата 1ТВ, којашто е во сопственост на Боки 13, главно за маркетинг уште од октомври-ноември 2018 година.
Колку време Зоран Заев знаел за нелегалното финансирање на телевизијата на Боки 13 и освен со премолчување, на кој друг начин го помагал нејзиното финансирање? Дали Зоран Заев бил вмешан во изнудувањето пари на бизнисмени за фиктивниот проект за старечки домови што Боки 13 го водел преку неговиот ‘Меѓународен сојуз’? Дали Зоран Заев помогнал милиони евра да завршат како наводни реклами во телевизијата којашто и самиот ја нарекуваше провладин медиум?“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

