Спорт
Мекларен го покажа прекрасниот МЦЛ35 (видео, галерија)

Мекларен е последниот тим кој го претстави својот нов Формула 1 болид за сезоната 2020, откако на посебна церемонија во нивниот технолошки центар во Вокинг го открија Мекларен МЦЛ35 болидот со кој Карлос Саинс и Лендо Норис ќе се обидат да ја надградат минатата солидна сезона за поранешните шампиони.
МЦЛ35 ја заддржува комбинацијата на боите на папаја и сина од претходните сезони, иако има голем дел од сино на страните на болидот. Минатата сезона тимот ја имаше својата најдобра сезона во девет години, завршувајќи на четвртото место во генерален пласман веднаш зад големата тројка Мерцедес/Ферари/Ред бул. Саинс беше шести во генерален пласман, зад пет возачи кои победија на трки, а го имаше и првиот подиум од 2014 на Бразилското ГП.
Мекларен МЦЛ35 ќе дебитира на стартот на зимското тестирање во Барселона на 19 февруари.
A new decade of racing starts here. Say hello to our 2020 @F1 contender.#MCL35 #FearlesslyForward pic.twitter.com/TlKM7zyBIs
— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2020
New year, new threads. @Carlossainz55 and @LandoNorris will look the part in 2020. ? #MCL35
See more ? https://t.co/RnoDIvEsOP pic.twitter.com/jF5zc3vwGc
— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин