Економија
(Видео) Николовски: Со дополнителната субвенција за предадено грозје исплативме над 1 милион евра кон 6.240 лозари
По повод денешниот празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, беше во посета на Тиквешкиот Регион како најпознат по производството на вино.
„Нашата земја стана препознатлива по производството и извозот на вино, а незанемарлив е и девизниот прилив од оваа гранка во нашата држава“, изјави Николовски.
Тој посочи дека лозарството и винарството се едни од гранките во кои изминативе две и пол години се инвестира многу. Започнувајќи од решавањето на наследениот проблем со долгот за неплатено грозје од страна на винарниците „Повардарие“ и „Стефани“, кој изнесуваше над 1,2 милион евра, а се исплатија кон 2.048 лозари од овој крај.
Тој истакна дека остануваат уште 680 лозари, кои ќе бидат обесштетени со новите законски решенија во периодот што следува.
Покрај враќањето на старите наследени долгови, Николовски ги истакна и тековните редовни мерки со кои се исплаќаа субвенциите кон лозарите. Па, така, пред почетокот на новата производствена сезона се исплатија околу 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување лозови насади. А за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби се исплатија вкупно 66,2 милиони денари или над 1 милион евра на 6.240 лозари.
Минатата година воведовме нова дополнителна субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарници во износ од 2 денара за килограм и дополнително проширена. Конкретно, субвенцијата ќе биде наменета не само за винските сорти „вранец“ и „смедеревка“, туку и за други актуелни сорти од реколта 2019, истакна Николовски.
Тој посочи дека од големо значење е носењето на законот за вино, со кој се воведоа измени, кои се во насока на остварување поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, кои овозможуваат поголем извоз на вино и девизен прилив.
На малите винарници, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно, им даваме можност да работат со ангажирање енолог со договор, а не како досега да мора да имаат вработено дипломиран енолог, а физичките лица ќе може да произведуваат вино со завршено средно образование, истакна Николовски. Тој додаде дека на овој начин се овозможува сè поголем број луѓе се занимаваат со оваа гранка.
Николовски посочи дека податоците потврдуваат дека сè повеќе расте производството, но и извозот на пакувано вино, а со тоа и девизниот прилив во државата.
Ова се само некои од мерките преку кои ги покажуваме нашата посветеност и грижата кон лозарите.
Особено се гордееме со тоа што 2019 година е година на најголема искористеност на ИПАРД-фондовите и може да се каже дека сме шампиони во регионот. Тој воедно ги повика сите граѓани да ги искористат можностите и средствата кои како помош им се нудат од овие фондови. 2019 година е прва година кога ние не враќаме пари назад, туку имаме целосна искористеност, истакна Николовски.
Создаваме нова програма, имаме сет нови мерки и политики за земјоделците, а оние што досега се покажаа како успешни, дополнително ги надградуваме. Тука би го спомнал зголемувањето на процентот од 30 на 50 отсто за субвенцијата за зелена нафта, која се покажа како многу успешна со оглед на тоа дека ја искористија околу 55.000 земјоделци, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.