Македонија
(Видео) Костадинов: Милошоски прави драми, зборува за правна држава откако ја уништи
Добро е да се види нервозата. Вие, колега Милошоски, ќе ни зборувате за правда? Вие имате образ? Вие се најдовте повикан да ја штитите и браните правната држава, вие кои ја уништивте, па сега ќе правите драмолетки, истакна денеска во Собранието пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов.
Тој го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, да ги предаде бомбите за кои тврди дека ги има во Обвинителството бидејќи правосудните институциине се веќе како во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Сваровски-судството.
„Вас, колега Милошоски, ве слушнавме дека нарачувате лустрација. И вие ќе зборувате за правда?! Вие, колега Милошоски, почнувате да менувате бои како семафор, еднаш црвен, па жолт, а сега позеленуваш“, рече Костадинов додавајќи „во јавноста не треба да зборуваме за вашите разговори со ‘Бетон’ – Штип, со ‘Езимит’ – Штип, за купување на амбасадите. И вашата реакција во овој момент ми го потврдува тоа. Овој закон ќе помине. Овој закон со сигурност претставува своевидна борба на правдата наспроти криминалот.
Тешко е, мачно е, тероризирате, уценувате, се заканувате, провоцирате, но нема да ви помине ниту теророт, ниту заканите ниту уцените. Република Северна Македонија ќе биде правна држава и држава каде што за секого што во транспарентна судска постапка ќе се докаже дека сторил криминал, дека се огрешил пред законите, ќе одговара“, порача пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

