Забава
Температурата на Антарктикот првпат во историјата надмина 20 степени

Темпратурата на Антарктикот првпат надмина 20 Целзиусови степени, соопштија научниците.
Бразилскиот научник Карлос Шафер за АФП изјави дека никогаш досега не виделе толку висока температура на Антарктикот.
Бразилските научници на островот Симор на 9 февруари забележале 20,75 Целзиусови степени, што е речиси степен повеќе од претходниот рекорд измерен на островот Сињи во јануари 1982 година, а изнесувал 19,8 Целзиусови степени, пишува „Гардијан“.
Рекордни мерења треба да ги потврди Светската метеоролошка организација, но се поклопуваат со трендовите забележани на Антарктикот, кој се загреа за речиси 3 Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера. Тоа темпо на загревање се смета меѓу најбрзите на планетава.
Бразилските научници сметаат дека на тоа влијаат промените на океанските струи и климатската појава Ел Нињо.
Регионот на Антарктикот чува речиси 70 отсто од свежата вода на планетата во облик на снег или мраз. Кога сето тоа би се стопило, нивото на морето би пораснало 50-60 метри, но тоа би траело неколку генерации.
Научниците на ОН предвидуваат дека океаните до крајот на овој век ќе бидат повисоки од 30 до 110 сантиметри, во зависност од резултатите на човечките напори да се намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, кои ја загреваат Земјината атмосфера и од чувствителноста на ледената покривка.
Најмногу е погодена областа на антарктичкиот полустров кон Аргентина. Таму е видливо топењето на глечерите, кои се повлекуваат повеќе од 100 метри во заливот Дискавери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.