Вести
Конзервативните републиканци прашуваат што е следното по геј браковите

Додека некои републикански кандидати за партиската номинација за американските претседателски избори во 2016 година повикуваат на отпор на одлуката на Врховниот суд за легализација на геј браковите, активистите на конвенцијата на конзервативците која се одржува викендов се концентрираат на намалување на штетите од ваквите законски решенија.
Неколку претседателски кандидати на Конзервативниот самит на Западот во Колорадо повикаа на носење уставни амандмани или на граѓанска непослушност против историската одлика којашто ја донесе највисокиот суд во САД во петокот за важењето на еднополовите бракови на целата територија на Соединетите држави.
Меѓутоа, христијанските конзервативци, предводници на борбата против геј браковите, сметаат дека сега треба да се вложат напори да се ублажат штетите. Тие попрво се залагаат пресудата на Врховниот суд да не го ограничи нивното право на практицирање на својата вера на начин на којшто го сметаат за пожелен.
„Нашиот прв чекор е обраќање до сојузните и државните власти , за да ги заштитиме верските слободи. Мораме да ја заштитиме својата база“, истакна Тони Перкинс, претседател на христијанската конзервативна организација Совет за семејство.
Повици на отпор на судската одлука доаѓаат од претседателските кандидати кои сакаат да се истакнат пред конзервативните избирачи, додека трае борбата за номинацијата на Републиканската партија за претседателските избори во 2016 година.
Поранешниот сенатор од сојузната држава Пенсилванија, Рик Санторум, ги обвини колегите републиканци за тоа што не ги забраниле геј браковите на национално ниво., што самиот тој преку Конгресот се обиде да го протурка пред десет години. „Замолчевме. Губиме, бидејќи воопшто не се обидовме да победиме, изјави Санторум.
Поранешниот гувернер на Арканзас, Мајк Хакејби, изјави дека државите коишто се противат на судската одлука можат да спречат таа да се спроведува, иако некои конзервативни сојузни држави како Таксас и Кентаки почнаа да ги потврдуваат еднополовите бракови по пресудата во петокот. „Граѓанската непослушност, исто така, е опција. Во нашиот живот постојат моменти кога треба да одлучиме дали ќе го слушаме Бог или одлуките кои веруваме дека се незаконски“, рече.
Меѓутоа, водачот на групата која го организираше конзервативниот самит рече дека иако многу учесници на соборот се разочарани од пресудата, тие го почитуваат правото на геј лицата да живеат свои животи. „Живеј и пушти ги другите да живеат, тоа е дел на американската генијалност“, изјави Џон Ендрјус, директор на конзервативниот институт „Centennial“.
Некои, пак, сметаат дека пресудата воопшто не е важна, се додека не задира во нивната религија. „Нашите сојузни закони се носат на одредено време, а Божјите важат засекогаш, Тој е оној кој на крајот на сите ќе ни суди“, порача претставникот на државата Колорадо, Гордон Клингеншмит.
Водачот на републиканската група за геј правата, на којашто ѝ беше откажан штандот на конференцијата, вели дека неговата партија треба да се откаже од битката којашто веќе ја загубила. „Сега кога законот е донесен, прашањето со коешто треба да се занимаваме е што можеме да сториме верските слободи да важат за сите и дека бракот пред законот се ист за сите:“, рече Џорџ Гремер./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.