Црна хроника
Семејна драма во Гостивар: Сакајќи да му го земе ножот на сопругот се повредила, а се исекол и синот
Синоќа околу 23 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во куќа сопственост на Р.А.(50) на улицата „Боге Велјаноски“ настанала расправија помеѓу него и неговата сопруга С.А.(47).
„Според пријавеното, притоа Р.А. зел нож, а С.А. сакајќи да му го одземе ножот, се исекла и се здобила со повреди на десната рака. Исто така, според пријавеното, нивниот син А.А.(22) се обидел да ги раздели, но и тој се исекол од ножот на левата рака“, информираат од МВР.
Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати деца во Центар и Аеродром, полицијата работи на случаите
Во полицијата во Скопје биле пријавени два одделни инцидента на физички напади врз малолетни лица што се случиле во петокот, 31 октомври.
Во првиот случај, 36-годишна скопјанка пријавила дека околу 18:30 часот, на подрачјето на општина Центар, нејзиниот 15-годишен син и 14-годишната ќерка биле физички нападнати од непознат маж.
Неколку часа подоцна, во 21 часот, во полицијата се обратила и 57-годишна жена од Скопје, која пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка била нападната околу 15 часот во општина Аеродром од три малолетнички што ги познавала, од кои едната користела тврд предмет.
За вториот случај е известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување и на двата инцидента.
Црна хроника
Приведен скопјанец по тепачка во Кисела Вода, имал 1,85 промили алкохол во крвта
Полицијата приведе 40-годишен маж од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир во скопската општина Кисела Вода.
Инцидентот се случил синоќа, околу 00:10 часот, кога В.Т. се физички пресметал со 39-годишниот Г.К. од Вевчани. Полицијата интервенирала на местото на настанот, а при алкотестирање било утврдено дека скопјанецот имал 1,85 промили алкохол во крвта.
Лицето е приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје
22-годишна жена од општина Росоман, која живее во Скопје, пријавила во полиција дека била физички нападната од својот вонбрачен партнер.
Инцидентот се случил на 31 октомври околу 13 часот во семејниот дом во скопската општина Шуто Оризари. Според пријавата, младиот маж, исто така на 22 години, ја нападнал користејќи и тврди предмети.
Жената го пријавила насилството истиот ден, околу 19:50 часот, во СВР Скопје.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

