Македонија
На денот на љубовта доделен автомобил од инстант лозови подарени на свадба

Денес, инстант лозот Мини Макси донесе Среќа Плус на млад брачен пар од Битола.
Лилјана и Илија Ванчовски, од денес ќе се возат во својот автомобил MINI ONЕ благодарение на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија.
Со оглед на тоа дека се верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија, среќните добитници чија свадбена прослава се одржала на 25ти октомври, на свадбената покана напишале дека наместо цвеќе и бонбониери би сакале да добијат инстант лозови.
Од многуте коверти со инстант лозови кои се специјално дизајнирани и наменети за ваков вид на прослави имале помали добивки за кои на продажното место „Димпо“ во Битола, направиле замена исклучиво со инстант лозот Мини и Макси посакувајќи еден од атрактивните автомобили.
Денес со клучевите во рака, Лилјана и Илија, среќни ни раскажаа за нивното неизмерно изненадување, возбуда и среќа. Убаво е кога заедничкиот живот ќе го започнеш со СРЕЌА ПЛУС. Приказната на Лилјана и Илија е уште еден доказ за успехот на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија и потврда дека секому среќните мигови можете да му ги направите уште посреќни со дарување инстант лозови.
Им честитаме на младенците на кои подарените инстант лозови им донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС и им пожелуваме долговечна заедничка среќа.
Денес, на денот на љубовта и виното, ве потсетуваме дека е убаво време за дарување. Во среќни мигови дарувајте инстант лозови и подарете шанса за СРЕЌА ПЛУС на Вашите сакани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите. За работниците и граѓаните, повторно нема ништо. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, годишната инфлација во мај 2025 изнесува 3,3%, што е скок во споредба со април, кога беше 2,6%. Дополнително, месечната инфлација од 1,5% е највисока оваа година, велат од СДСМ.
„Ова значи едно, животот е сѐ поскап, а власта нема ниту план, ниту капацитет да го заштити стандардот на граѓаните. Но, секако, има добар план да си ги покачува сопствените плати.
СДСМ повеќепати предупредуваше: цените растат и ќе продолжат да растат ако не се преземат мерките кои ги понудивме. Мицкоски се обидува да ги убеди граѓаните дека платите им растеле, но факт е дека единствено растат платите на неговите во Владата и институциите, додека народот едвај преживува“.
Оваа влада, додаваат од опозициската партија, нема економска визија, нема стратегија и нема емпатија. Оваа влада, според СДСМ, има само лични интереси и работи само за себе, и за никој друг.
СДСМ бара итна интервенција, конкретни мерки за заштита на стандардот, а не како што велат, лажни ветувања и манипулации.
„Граѓаните не може повеќе да бидат жртви на неспособноста и ароганцијата на оваа власт“.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ( Вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· во период од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. 20 во С.Бразда ( општина Чучер Сандево )
· во период од 09.00 до 12.00 часот,корисниците од ул 10 и дел од ул.134. ( општина Сопиште )
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Иван Цанкар. ( општина Карпош)
· од 11.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул.101 во село Волково( општина Ѓорче Петров )
· и од 12.00 до 15.00 часот, корисниците околу ресторан Теферич и дел од ул.Мариовска( општина Кисела Вода )
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните темпетаури ќе бидат без значителни промени.