Спорт
Канелјас ги „крена“ Сегед за луда победа над ПСЖ!

Пари Сен-Жермен на Раул Гонзалес имаше предност од шест гола во второто полувреме, но на крајот беше „урнат“ од Жоан Канелјас и Пик Сегед, кои со 32:29 победата на домашен терен го обезбеди второто место во групата А во Лигата на шампионите.
ПСЖ го доби дуелот на домашен терен со 30:25, и на гостувањето со реми ќе го обезбедеше второто место. Работите одеа добро за францускиот клуб, кој на полувреме имаше три предност (18:15) во 36. минута од мечот дури шест поени (16:22), пред унгарскиот тим повторно со помош на домашната публика да направи пресврт.
Поранешниот вардарец, Жоан Канелјас беше најзаслужниот за оваа победа со 10 гола, од кои три во самиот финиш на мечот кога се одлучуваше победникот. Марио Шоштариќ имаше шест гола, а пет уште еден ексракометар на Вардар, Хорхе Македа. За ПСЖ, Недим Рамили имаше шест гола, а Сандер Сагосен пет.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А
Алборг – Целје 28:24 (13:9)
Пик Сегед – Пари Сен-Жермен 32:29 (15:18)
Табела: 1.Барселона 22, 2.Пик Сегед 18, 3.ПСЖ 18, 4.Алборг 13, 5.Флензбург 11, 6.Целје 6, 7.Елверум 3, 8.ППД Загреб 3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер ја совлада Рома и му го даде првото место на Наполи „на чинија“

Интер загуби од Рома во 34. коло од Серија А на „Џузепе Меаца“ и со тоа му ја отстапи пол-позицијата на Наполи во борбата за титулата.
Избраниците на Симоне Инзаги одиграа лош натпревар и кон средината на следната недела ќе се борат за финалето во Лигата на шампионите против Барселона.
Во првото полувреме потценување е да се каже дека Рома беше подобриот противник. Сосема заслужено „Вучица“ поведе во 22. минута откако одбраната на „нероазурите“ беше летаргична. Шомуродов му додаде на Суле кој го провери Зомер.
Спорт
Марк падна, Алекс победи во Херез

Помладиот Маркез, Алекс, ја заблежа првата победа во кариерата на Големата награда на Шпанија во Херез. Возачот на Гресини Дукати, славеше пред возачите на Јамаха и Дукати, Фабио Квартараро и Франческо Бањаја.
Алекс Маркез победи во Херез и ја презеде лидерската позиција во шампионатот од свјот брат Алекс.
Марк направи голема грешка во третиот круг,излета од патеката кога го напаѓаше во тој момент лидерот Квартараро. Марк се врати во трката, на крајот го освои 12. место.
Квртараро беше на чело на колоната до 11 круг, кога Алекс си префектен маневар во првиот свиок успеа да го претекне.
Алекс во следните два круга создаде предност од една секунда, додека Квартараро седум ркуга се бореше со Бањаја, но успеа да ја освои втората позиција. За Квартараро ова е прв пласман на подиумот уште од октомври 2023 година.
Во генералниот пласман Алекс води со 140 поени, еден повеќе од Марк и 20 од Бањаја.
Спорт
Асефа постави светски рекорд на маратон

Тигст Асефа од Етиопија го собори светскиот рекорд во маратон, откако победи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50 часа. Асефа, освојувачка на сребрен медал на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024, се одвои од Кенијката Џојсилин Џепкосгеи во последните неколку километри откако двете поставија исто темпо од самиот почеток.
Со денешниот резултат таа го подобри претходниот рекорд од 2:16,16, кој минатата година во Лондон го постави Перес Јепчирчир од Кенија. Џепкосгеи беше втора со време од 2:18,44, додека актуелната победничка на олимпискиот маратон, Сифана Хасан од Холандија, беше трета со време од 2:19,00.
Во машка конкуренција, Кениецот Себастијан Саве славеше завршувајќи ја трката со повеќе од една минута предност пред Џејкоб Киплимо од Уганда. Саве, кој го победи на маратонот во Валенсија пред четири месеци, ја помина целта по 2 часа, 2 минути и 20 секунди.
Јакоб Киплимо од Уганда, кој го собори светскиот рекорд во полумаратон во февруари, беше втор во своето деби во маратонските трки со време од 2:03,37, додека минатогодишниот победник Александар Мутисо Муњао заврши на третото место.