Црна хроника
Три жртви во престрелка во трговски центар во САД

Три лица загинале, а пет се ранети, во престрелка во трговскиот центар „Columbia Mall“ во американската сојузна држава Мериленд, пренесува агенција AFP.
Полицијата во округот Хауард соопштила дека добила дојава за пукање во трговскиот центар околу пладне по локално време, а нејзините патроли кои пристигнале на местото на настанот „нашле тела на тројца загинати“. Се додава и дека покрај едниот од загинатите е пронајдено „оружје и муниција“. Полицијата не потврдува дали станува збор за убиецот кој извршил самоубиство или бил застрелан во престрелка со полицијата.
Локалната полиција апелирала до посетителите на трговскиот центар извесно време да останат на местата на коишто се нашле, бидејќи опасноста не е помината. Засега нема поединости за инцидентот, а американската телевизиска мрежа CBS News јавува дека од жртвите само едно лице е идентификувано, но неговиот идентитет полицијата засега не го соопштува.
Очевидец и полицијата потврделе дека е во трговскиот центар имало две престрелки. Повредените, според полицијата, се случајни минувачи и не биле директно поврзани со инцидентот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.