Контакт

Вести

Во Мексико идентификувани останките од еден од 43-та исчезнати студенти

Објавено пред

Мексиканските експерти од судската медицина идентификувале еден од 43-та студенти исчезнати пред два месеца во градот Игуала, по испитувањата на наполу изгорените човечки остатоци кои беа пронајдени на депонија, пренесува Associated Press повикувајќи се на неименуван претставник на локалните власти.
 

dobivaj vesti na viber

Мексиканските експерти од судската медицина идентификувале еден од 43-та студенти исчезнати пред два месеца во градот Игуала, по испитувањата на наполу изгорените човечки остатоци кои беа пронајдени на депонија, пренесува Associated Press повикувајќи се на неименуван претставник на локалните власти.

 

Соговорникот на агенцијата не можел да прецизира колку тела можеле да бидат идентификувани од специјалистите кои се вклучени во проучувањето на останките.

Неодамна јавниот обвинител на Мексико, Хезус Муриљо Карам изјави дека осомничените кои се притворени во врска со исчезнувањето на студентите, признале дека убиле група луѓе. Тие во истрагата додале и дека ги запалиле телата на ликвидираните кои ги фрлиле на депонија недалеку од Игауал.

На почетокот од ноември мексиканскиот државен обвинител изјави делк студентите кои исчезнаа кон крајот на септември во југозападната сојузна држава Гереро, биле грабнати од полицијата по наредба на локален градоначалник и се верува дека се предадени на припадниците на локална нарко банда „Обединетие воини“ кои ги убиле, ги запалиле нивните тела а потоа остатоците ги фрлиле во река.

Карам тогаш посочи дека за сигурниот заклучок за судбината на студентите од истрагата би можел да се извлече дури откако ДНК анализата ќе го потврди идентитетот на спалените останки. Тоа ќе претставува вистински предизвик, бидејќи од изгорените останки тешко е да се изврши ДНК идентификација, додаде.

Здружението на родителите на исчезнатите студенти веднаш реагираше порачувајќи дека доказите се нецелосни и оти тие веруваат дека нивните деца се живи.

На 29-ти септември исчезнаа 43 студенти од Атцојинапе кои претходните денови, на 26-ти септември, дошле да протестираат во Игуала и да собираат финансиска помош, а по завршување на протестот тргнале кон своите домови со автобуси на јавниот транспорт. Според искази на очевидци, врз автобусите пукале полицајци и вооружени мажи припадници на нарко картелот Герерос Унидос, и потоа студентите ги одвеле во непознат правец.

Мексиканска полиција до сојузната држава Гереро ги објави нивните фотографии и понуди награда од милион пезоси за информации кои би довеле до сознанија за исчезнатите студенти. Опишувајќи ја сојузната истрага како едена од најкомплицираните, обвинителот Муриљо опиша што се случувало со студентите од учителската школа во Ајотсинапи, пренесува DPA. Жртви се мажи повеќето во 20-те години од животот кои оделе на колеџот и со автобуси и комбија оделе на протестите во Игуала на протестот против финансиските тешкотии во кои било нивното училиште.

Учителската школа е стара со 80 години и е позната како левичарски бастион, а нејзините студенти се познати по активизмот.

Муриљо објави дека тројца мажи, уапсени во врска со нивното исчезнување, признале дека погубиле голем број лица за кои се верува дека се исчезнатите студенти. Според нивните искази, полицајците ги предале жртвите на тројца мажи кои припаѓаат на нарко картелот Герерос Унидос.

Мексиканската полиција ги уапси поранешниот градоначалник на Игуала кој беше во бегство, Хозе Луис Абарка и неговата сопруга, осомничени дека го поттикнале нападите во коишто шест лица се убиени а исчезнаа 43 студенти, во аферата која со месеци наназад го потресува Мексико и ги доведува во тешка ситуација тамошните власти.

Истрагата покажала дека градоначалникот, кога дознал дека студентскиот протест ќе попречи еден негов официјален јавен настан, му наредил на началникот на полицијата во Игуала Фелипе Флорес Веласкез да ги сопре демонстрантите. Шефот на полицијата кој во меѓувреме беше суспендиран и сменет, сѐ уште се наоѓа во бегство.

Властите досега уапсиле 74 лица во врска со исчезнатите студенти. Обвинителството на прес-конференција ги прикажало снимките од признанието на тројцата криминалци, фотографии на местата за одложување отпад на кој телата се запалени и графички и видео прикази на отстранувањето на останките.

Грабнувањето на студентите предизвика протести во целата земја и сериозно ја поткопа вербата во ветувањето на претседателот Енрико Пења Нето дека Мексико во текот на неговиот мандат ќе стане побезбедна земја./крај/мф/сн

Извор: Associated Press



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија3 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија4 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија4 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија4 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија5 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија9 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ10 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет10 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет10 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет10 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет10 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија21 час

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...