Контакт

Вести

САД разгледуваат воени опции против Исламската држава

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД разгледуваат различни воени опции против припадниците на Исламската држава (IS) во Сирија, но истакна дека стратегијата допрва се разработува.
 

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД разгледуваат различни воени опции против припадниците на Исламската држава (IS) во Сирија, но истакна дека стратегијата допрва се разработува.

 

Пред новинарите во Белата куќа американскиот претседател Барак Обама ги отфрли шпекулациите дека се наоѓа „на работ од носењето одлука“ за проширување на воздушните напади на нови цели на Исламската држава во Ирак, кои досега не беа цел на нападите на американските авиони, пренесува Reuters.

„Не сакаме да трчаме ’како прле пред магаре’. Сé уште немаме стратегија. Некои новински извештаи сугерираат дека сме отишле подалеку од позицијата на којашто во моментов сме“, рече Обама.

Американскиот претседател, исто така, најави дека државниот секретар Џон Кери ќе го испрати на Блискиот исток за да ја придобие поддршката од земјите во регионот против џихадистите од Исламската дражва.

Белата куќа којашто потврди дека ја разгледува можноста за воздушни удари врз припадниците на сунитската џихадистичка групација Исламска држава (IS) во области во Сирија коишто ги контролираат, исклучи во вторникот каква и да е можност за координација и соработка со владата на Сирија на претседателот Башар ал-Асад.

Претходно во понеделникот официјален Дамаск изрази подготвеност за соработка со меѓународната заедница, вклучително и со САД, во борбата против џихадистите, но истакна дека секој напад изведен на негова територија мора да биде во согласност и соработка со Дамаск, бидејќи во спротивност ќе се смета за агресија. САД во понеделникот навечер известија дека подготвуваат извидувања и подготовка на теренот за воени операции врз Исламската држава на територијата на Сирија, но предупредија дека уште нема одлука да се прошират двонеделните американски ограничени воздушни напади врз џихадистите од соседен Ирак. Портпаролот Ернест, истакна дека претседателот Барак Обама „сé уште не ја донел одлуката“ за воздушни напади на сириска територија.

САД од пред неколку дена ја разгледуваат можноста за воздушни напади во Сирија а од вторникот започнале со извидувачки летови над оваа земја поради евентуални напади врз џихадистите од Исламската држава чиишто позиции во Ирак веќе беа цел на американското воздухопловство, а чие брзо напредување и ширење предизвикува сé поголема загриженост од Западот.

САД и западот повеќе од три години ги поддржуваат сунитските опозициски вооружени востаници кои од март 2011 година по инерцијата на ткн Арапска пролет се обидуваат да го соборат алавитот (шиитот) Башар ал-Асад, кој ја има поддршката од алавитите, друзите, христијаните и умерените сунити, додека курдското малцинство во овој конфликт се држи резервирано и успеа да воспостави своја власт на териториите на кои доминира. Во почетокот опозициската Слободна сириска армија (FSA) која прима западна помош и од другите сунитски и арапски земји, против владините сили на Асад чие семејство четири децении управува со Сирија, се бореше заедно со групациите на радикалните исламисти како Фронтот ан-Нусра и Исламската држава, но дојде до конфронтации поради стремежите на радикалите да создадат калифат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија13 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија14 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија15 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ16 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија16 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет18 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет19 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ19 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија20 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет21 час

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа21 час

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет21 час

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија2 дена

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија2 дена

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ2 дена

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет2 дена

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...