Црна хроника
Откриен камион со 32 мигранти, возачот побегнал

Вчера околу 19:30 часот на локалниот пат с.Калуѓерица – с.Подареш, Радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно возило „форд транзит“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое имало 32 лица – мигранти (девет лица од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, едно лице од Индија и едно од Турција).
Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
„Мерцедес“ со германска регистрација се запали кај плоштадот во Свети Николе

Автомобил „мерцедес“ се запали синоќа на паркинг во близина на градскиот плоштад во Свети Николе.
Возилото, со германски регистерски ознаки, било сопственост на Т.Ш.(53) од овој град.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.
Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.
Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.
Извршен е увид.
Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.