Македонија
(Видео) Чулев: Спасовски треба да одговори дали има тонски записи од ПИ-мерките за „Рекет“

Тројца службеници од МВР по налог на Обвинителството ги спровеле посебните истражни мерки за случајот „Рекет“, потврди техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.
На прашањето дали во Министерството има тонски записи од посебните истражни мерки, Чулев вели дека одговор треба да даде поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Ги проверив информациите во однос на наведените три лица што беа објавени во јавноста. МВР по налог на Обвинителство ги реализирало ПИ-мерките, и тоа – следење комуникации и физичко следење јавен простор со примена на технички мерки. Сите материјали од ПИ-мерките му се предадени на тогашниот министер Оливер Спасовски, а тој ги предал на Основното јавно обвинителство преку ОЈО до судијата на претходна постапка. Во согласност со внатрешните процедури и законот, МВР не е овластено и не смее да чува копија од доказниот материјал од ПИ-мерките. Целокупниот метријал е доставен до ОЈО и моментно во МВР не се чуваат копии. Ве упатувам во однос на прашањето дали постојат тонски записи од примената на ПИ-мерките да го прашате претходниот министер Оливер Спасовски или Основното јавно обвинителство“, рече министерот Чулев.
ВМРО-ДПМНЕ побара внатрешна ревизија за службениците од МВР што ги спровеле ПИ-мерките за „Рекет“ за да се утврди дали постојат тонски записи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)