Црна хроника
Куќен притвор во траење од 30 дена за Паско Кузман
Куќен притвор во траење од 30 дена му е одреден на диркеторот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. Кузман беше уапсен утрово за злоупотреба на службената положба и овластување.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), Паско Кузман се товари дека ја злоупотребил служената положба и овластувања.
Полицијата го сомничи Кузман дека заедно со уште тројца вработени во Управата во 2011 година незаконски издавале дозволи за ископување на локалитетите Драмски рид, Делчево и на патот Велешко езеро – Катланово и повикувале полициска асистенција да ги обезбедува археолошките локалитети и не плаќале, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1,2 милиони денари.
Токму на овие локалитети есеноска, концесионери со дозвола од државата копаа под ридот во близина на Катланово и бараа 220 тони злато, кое наводно фашистичките сили ги оставиле кога се повлекувале по поразот во Втората светска војна. Прво се пребаруваше во делчевското село Бигла, а потоа кај Катланово.
„Не станува збор за археолошки локалитет. Луѓето побараа да копаат за некоја своја акција и, за да не копаат на диво, им дадовме дозвола. Трошоците си ги сносат самите, а копаат во присуство на наши инспектори и под полициско обезбедување“, изјави тогаш за Утрински весник, Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
Покрај Кузман, во пријавата за помагање опфатени се и Илче Бојчески, инспектор во УЗКН кој се наоѓа веќе во притвор, поради претходна кривична пријава за случајот „Фаланга 2“, инспекторот Звонимир Николовски исто така од УЗКН и Марија Пуљаз, која е советник во Управата.
„Со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање на противзаконска документација преку која барале дополнително и полициска асистенција со издавање на платни налози преку други патни трошоци, го оштетиле буџетот на Македонија по основ на дадената полициска стенција МВР е оштетено во износ преку 1,2 милиони денари, додека по основ на издадени платни налози и други платни трошоци, висината на штетата дополнително ќе се утврдува“, изјави за новинарите во понеделникот попладне портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Според МВР, Илче Бојчевски, кој веќе беше осуден во Фаланга 1, го поттикнал Кузман да ги издаде спорните решенија за ископување кај Драмски рид, Делчево и на патот Велешко езеро – Катланово.
Во полициската акција „Фаланга 2“ во мај беше разбиена криминална група која ископувала предмети со културна и археолошка вредност и ги продавала во Македонија и во странство.
Во групата учествувале и четири службени лица вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија, како и полициски службеник од Велес.
Криминалната група ископувала предмети од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. Во групата има и двајца Срби кои ги купувале вредните археолошки предмети и истите ги препродавале во западноевропските земји.
Во текот на акцијата беа приведени 14 од пријавените лица, двајцата Срби не се достапни, а три лица претходно се пријавувани во врска со истата истрага./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

