Регион
Германија сака штo повеќе работници од Балканот
На Германија и` е потребна работна сила и владата го забрзува процесот за доселување на странски експерти. Во Бон е отворена нова служба која ќе го координира признавањето на стручните квалификации стекнати во странство.
Германската економија е зависна од доселувањата. Сојузната влада покрена програма за привлекување странски експерти под мотото „Мејк ит ин Џермани“. Тоа е национален приоритет.
„Без странски експерти нема да можеме да ја одржиме нашата благосостојба. Не можеме едноставно да чекаме на тие луѓе, мораме да се потрудиме околу нив“, изјави сојузниот министер за труд, Хубертус Хајл.
Германскиот завод за статистика тврди дека бројот на работноспособни граѓани во Сојузна Република Германија до 2035 година ќе се намали за четири до шест милиони. Во многу економски гранки владее недостиг од работна сила. Според наводите на Германската индустриска и трговска комора, дури 56 проценти од испитаните форми сметаат дека недостигот на работна сила моментално е најголемиот деловен ризик.
Секоја трета германска фирма изминатите години вработила работници од други членки на ЕУ, односно трети земји. Многу фирми поради недостиг на работници не можат да прифатат нови нарачки и трпат огромна финансиска штета.
По долготрајна дебата, усвоен е закон за доселување на стручна работна сила, со што сојузната влада признала дека Германија е доселеничка земја и тоа шест децении по првиот голем бран пристигнувања на гастербајтери.
Примарната цел на законот е олеснување на пристапот до германскиот пазар на труд за странските работници.
„Начелно целосно е сеедно од каде некој доаѓа, најважно е да докаже дека сака да се интегрира во некоја земја, да сака да соработува и да биде дел од општеството. И тогаш не е прашање од каде е некој, туку како сака да се интегрира“, изјавила за „Дојче веле“ сојузната министерка за образование, Ања Карличек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

