Македонија
(Видео) Спасовски во Брисел: Oстварени зацртаните планови за почеток на преговорите со ЕУ
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, ја заврши дводневната посета на Брисел, каде што учествуваше на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ и каде што оствари средби со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархељи, со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со други дипломати од Европа и САД.
„Сакам да го изразам моето задоволство што имавме можност да оствариме средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Разговаравме за следните чекори, за официјализирањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, како еден од најзначајните чекори за стабилноста на граѓаните од нашата земја, како и за целиот регион“, рече Спасовски.
Првиот човек на Владата посочи дека со Фон дер Лаен и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, разговарале за европските перспективи на државата, како и за тоа дека дека се остварени сите зацртани планови за нашето почнување на преговорите со ЕУ.
„Навистина, очекуваме што е можно побргу Европскиот совет да донесе одлука за почнување преговори на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Една од клучните задачи во Брисел беше да учествуваме и на конференцијата ‘Заедно за Албанија’ за донации за обнова на земјата по тешкиот земјотрес во оваа земја. Тоа покажува дека сме подготвени за регионална соработка, за солидарност, и навистина сме задоволни што можевме да помогнеме и да бидеме дел од оваа донаторска конференција“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

