Контакт

Вести

Во Фергусон пристигна Националната гарда на САД, укинат полицискиот час

Објавено пред

Припадниците на американската Национална гарда пристигнаа попладнето по локално време во понеделникот во предградието на Сент Луси, Фергусон каде треба да воспостават мир во гратчето во сојузната држава Мисури по повеќедневните расно мотивирани безредија поттикнати од инцидентот во кој бел полицаец застрела црн тинејџер, во сѐ уште неразјаснети околности.

dobivaj vesti na viber

Покрај распоредувањето на војниците кои дојдоа на помош на полициските сили, гувернерот на сојузната држава Мисури, Џеј Никсон во соопштение објави дека во понеделник го укинува полицискиот час, откако беше воведен претходните две ноќи, пренесе AFP.Ноќта меѓу неделата и понеделникот во Фергусон и покрај полицискиот час, демонстрантите повторно се судрија со полициските интервентни сили, што го поттикна гувернерот Никсон да нареди распоредување на војниците на Националната гарда. „Задачата на Националната гарда ќе биде ограничена (…) полицијата ќе се концентрира на заштита на лицата коишто мирно демонстрираат, на населението и сопственоста“, појасни гувернерот на Мисури.Ноќта кон понеделникот демонстрантите повторно се судрија со силите на редот. Неколку часа пред да стапи на сила полицискиот час, полицијата се обиде да ги растера демонстрантите, претежно млади луѓе, употребувајќи солзавец, пренесе AFP. Според локалната телевизиска станица KMOV-TV, полицајците опремени со панцирни елеци и гас-маски и во придружба на блиндирани оклопни возила се обиделе да ги растурат демонстрантите коишто кон нив фрлале Молотови коктели. Според медиумите на чии репортери инаку не им е дозволен пристапот до местото на судирот меѓу полицијата и демонстрантите, се слушнале и истрели а повторно имало ограбувања на продавници. Не е познато дали станува збор за предупредувачки истрели во воздух од полицијата или, пак, истрелите доаѓале од правец на толпата демонстранти.Осумнаесетгодишниот афроамерикански тинејџер Мајкл Браун на 9-ти август, невооружен, во многу нејасни околности беше убиен од 28-годишниот бел полицаец Дарен Вилсон.Гувернерот Никсон изјави дека „сé поголемиот и организиран број поединци, меѓу кои многумина доаѓаат надвор од градот и од државата, вклучува и насилство и криминал кои ги загрозуваат животите и работата“. „Ги повикувам сите жители на Фергусон и на Мисури силно да ги осудат овие незаконски активности, кои вклучуваат пукање врз полицијата и врз цивили, фрлање Молотови коктели и грабежи“, изјави гувернерот и појасни дека ја повика Националната гарда како федерална воена сила за да се поврати мирот и поредокот во заедницата.Во меѓувреме The New York Times објави дека застреланото 18-годишно момче Мајкл Браун, според обдукцијата, било застрелано со најмалку шест куршуми. Наведувајќи ја изјавата на лекарот Мајкл М. Бејден, кого семејството на момчето го задолжило за обдукцијата, весникот пишува дека од тие куршуми два завршиле во главата на жртвата и дека куршумите кои го погодиле Браун не биле истрелани од близина. Бејден изјави дека целта на неговата обдукција не била да утврди дали пукањето било оправдано, но изјави дека полицаецот „не требало да пука толку пати“. „Засега има премалку информации за форензички да може да се реконструира пукањето“. Портпаролот на полицијата од Фергусон изјави дека неговиот оддел не го видел извештајот и дека нема коментари. Oд саботата во Фергусон се распоредени и 40 агенти на Федералното биро за истраги (FBI) коишто ќе го истражуваат убиството.Според полицијата, Вилсон го застрелал Браун во полициско возило откако се кошкале околу пиштол, а полицаецот подоцна побарал медицинска помош во локалната болница поради повреда на лицето. Меѓутоа, очевидци велат дека напротив, момчето било убиено надвор од полициското возило и тоа додека ги држело во воздух рацете во знак на предавање.Тензиите во Фергусон се разгореа откако полицијата емитуваше снимки на кои е идентификуван подоцна убиениот Браун како врши грабеж во продавници и го малтретира нејзиниот сопственик, но истакна дека грабежот и пукањето во кое тој смртно настрадал не се поврзани. Демонстрантите ја критикуваат полицијата дека се обидува со објавувањето на снимките „да го оправда убиството во стилот на егзекуција“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја враќа оградата околу владината зграда

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата...

Македонија7 часа

Лога: Никој не може да им го забрани на албанските граѓани користењето на нивното национално знаме

Никој не може да им го забрани на албанските граѓани на Северна Македонија користењето на нивното национално знаме, а уште...

Македонија8 часа

Самарас: Мицотакис да стави вето за Албанија, а за Скопје вето на секој чекор и повлекување од преспанскиот договор

Премиерот Киријакос Мицоракис веднаш да ја промени надворешната политика, порача поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас. Тој го повика Мицотакис да...

Македонија9 часа

Деспотовски нема да бара апанажа: Ако сме способни за функции и ако сме оставиле чист образ, можеме да се снајдеме понатаму

Досегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој извести дека утрово поднел оставка од функцијата, вели дека нема да бара апанажа....

Македонија10 часа

(Видео) Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб

Вратено е македонското знаме на врвот Голем Кораб. На социјалните мрежи е објавена снимка од промената на знамето.   View...

Македонија11 часа

Муртезини го помеша евроамбасадорот Дејвид со Ричард Гир, па се пошегува на своја сметка

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, направи гаф кога, наместо евроамбадорот Дејвид Гир, го кажа името на познатиот актер со...

Регион11 часа

Пожари на грчките острови Крит, Кос и Хиос

Сè уште горат три пожари, кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и...

Македонија1 ден

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија1 ден

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија1 ден

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија1 ден

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија1 ден

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ1 ден

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија1 ден

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија1 ден

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија2 дена

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион2 дена

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт2 дена

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...