Македонија
(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал
Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, познат како Радникот, но дека тој му дал да потпише изјава со која ќе признае дека извршил убиство и дека треба истото да го каже пред судот.
Азири во мај 2018 година во судница раскажа дека бил брутално апсен, тепан, плашен и носен во МВР, со цел, како што рече, да признае дека помагал во тероризам. Тој по една година од изјавата за првпат се сретна со Тодоровски во судницата, а на прашање од обвинителката Фатиме Фетаи одговори дека станува збор за човекот кој ланската година му бил покажан на фотографија од нејзина страна.
„Тој е човекот од сликата, но не сум кажал дека ме малтретирал“, рече Азири во судницата.
По рочиштето, пак, Азири за медиумите изјави дека останува на истата изјава за настанот, кога посочи дека го однеле кај Радникот, кој, пак, го терал да потпише подготвена изјава за убиство и истото да го каже пред судот.
„Јас го прашав сведокот дали полицијата има соработка со холандската полиција за програмот за заштита на идентитет. Ако не ми кажал тој или неговите, од каде јас би знаел дека имаат соработка? Јас и во минатото го споменав ова, што го кажав сега. Тој (Радникот) ми даде понуда, ми рече оди во суд, таму има програма за менување на идентитет. Јас тоа не би знаел никогаш. Тоа беше во МВР понудено. Јас негирав дека пред него ме малтретирале. Мојата верзија е тоа што сум го кажал и останувам на тоа“, рече Азири по судењето.
Според обвинението, Азири е лицето кое со свое возило ги презел прво и второобвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, веднаш откако тие избегале со „опел омега“ по масакрот кај Смилковското Eзеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

