Македонија
Општина Бутел отвори 24 часа дежурен телефон за пријавување нерегуларности
Општина Бутел од денес отвори дежурен телефонски број, на кој жителите ќе може да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, на животната средина и урбанизмот, како што се палење смет, токчичен отпад, уништување јавно зеленило, дефекти на улично осветление, уништување детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго.
Телефонскиот број 075/249-314 ќе биде во функција за жителите на општина Бутел 24 часа.
„Одлучивме да отвориме дежурен телефон, на кој треба да се пријавуваат сите нерегуларности, кои се во надлежност на Општината, на овој начин ќе им се олесни работата на инспекциските служби бидејќи со директна пријава кај нив ќе може навреме да интервенираат. Во исто време на овој начин Општината станува поуслужна и достапна за сите граѓани“, вели Велимир Смилевски, градоначалникот на Општина Бутел.
Тој додаде дека во Општината ќе има дежурни екипи, кои информацијата веднаш ќе ја препраќаат до инспекторите за да може навреме да излезат на терен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

