Македонија
Полициски синдикат: Се издаваат и поништуваат наредби, вработените во МВР се во конфузна состојба
Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, и генералниот секретар Киро Трајковски остварија два одделни работни состаноци од кои еден со министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, и другиот со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Средбите биле иницирани од страна на Македонскиот полициски синдикат, а како причина од синдикатот ја навеле актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата, со што, како што наведуваат од синдикатот, сите вработени во Министерството се доведени во една конфузна и збунувачка состојба, што им претставува сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.
На Чулев и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, им беше пренесен ставот на Македонскиот полициски синдикат дека највисоката цел на МПС е заштита на правата од работен однос на вработените, истовремено грижејќи се и за угледот на Министерството за внатрешни работи и интегритетот на полициските службеници.
„Како единствен репрезентативен синдикат во МВР и организација во која членуваат над 8.500 членови чувствуваме и морална одговорност да укажеме на овие состојби и потребата од нивно итно надминување. Од таа причина, а со цел итно надминување на актуелната состојба во Министерството ние како Македонски полициски синдикат предложивме во текот на утрешниот ден во наше присуство и наша медијација да се одржи состанок, за што искрено сме благодарни и на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, и на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, за прифаќањето на нашата иницијатива“, наведуваат од синдикатот.
Оттука се надеваат дека на утрешниот состанок преку конструктивен дијалог ќе се надминат недоразбирањата и ќе се реши состојбата на општо задоволство и за доброто на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

