Црна хроника
Почина уште едно лице повредено во сообраќајката во Битола

Уште едно лице кое беше повредено во сообраќајната несреќа на патот Битола-Прилеп почина во петок изутрина, со што бројката на жртви се искачи на шест.
Несреќата се случи на 4-ти мај на регионалниот пат Битола-Прилеп меѓу два автомобили ‘фиат тофас’ и ‘фолксваген голф’.
На лице место починаа пет лица, а две лица со тешки повреди беа пренесени во болница. Утринава на повредите им подлегнал 21-годишниот Х.А. од селото Алданци, крушевско.
Двајца од загинатите се од Прилеп, еден од Битола и останатите од Алданци.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Акциска контрола на повеќе локации во Тетово, уапсено едно лице поради сомнение за посредување при проституција

Вчера во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово.
При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е лишена Г.Ш.(41) од село Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик, која е затекната во објектот.
Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, по што од двајцата се одземени мобилни телефони. Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со „мерцедес“ излетал од патот: тешко повреден охриѓанец

Вчера во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот.
Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Уапсен 75-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдени оружје и муниција

Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други предмети, извести МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.