Регион
Реакција од Приштина: Ако Јамајка не го признала Косово, Вљора Читаку веднаш да си замине

Пратеничката на Движењето Самоопределување во косовското собрание, Фиторе Пацоли, изјави дека ако е точно оти Јамајка не го признала Косово, Вљора Читаку би требало да биде отпуштена, пренесува „Спутник“.
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, во четвртокот на социјалните мрежи објави дека косовската амбасадорка во САД, Вљора Читаку, го известила дека Јамајка го признала Косово.
И иако следуваа честитки и изрази на благодарност од Приштина, денеска таа вест беше демантирана. Ретвитувајќи ја пораката на Тачи, министерката за надворешни работи на Јамајка посочи дека земјата не го признала Косово.
Пацоли смета дека, ако е тоа вистина, Читаку би требало веднаш да поднесе оставка, пренесува приштинска „Коха диторе“. Таа додаде дека поради ваквите ситуации, би требало да се проверат косовските амбасадори.
„На Косово сега му требаат компетентни, професионални и одговорни амбасадори за доброто на државата, а не амбасадори што носат лажни информации“, напиша таа на „Фејсбук“.
Инаку, владата на Јамајка уште пред 10 години одбила да го признае Косово иако САД го побарале тоа, покажува дипломатска телеграма на САД од 2009 година до која дошол „Викиликс“. Во документот се наведува дека САД преку својата амбасада на Јамајка ја наговарале владата за признавање на независноста на Косово на состанок на шефовите на дипломатии од двете земји.
Шефицата на дипломатија на Јамајка истакна дека не очекува промена во одлуката на владата, чиј став е дека сецесијата на која било територија треба да се реши со заеднички договор на вклучените страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Претседателот Вучиќ го хоспитализирале поради висок притисок и болка во градите

Кардиологот, бригадниот генерал Драган Динчиќ, кој, според него, долги години учествува во лекувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот претходник Борис Тадиќ, изјави дека Вучиќ ненадејно се вратил од САД бидејќи почувствувал силна болка во градите која траела неколку секунди, како што рекол самиот Вучиќ.
Меѓутоа, како што рекле другите присутни во тој момент, според Динчиќ, таа болка траела нешто подолго. Според Динчиќ, болката е поврзана со високиот крвен притисок на Вучиќ, кој 45 минути по земањето на терапијата изнесувал 165/98.
Кардиологот Динчиќ оценил дека притисокот пред терапијата веројатно бил многу поголем.
Наведе и дека во последните повеќе од 10 години, во три наврати, Вучиќ имал слични заболувања кои најчесто се поврзани со екстремно високи вредности на крвниот притисок.
Претседателот си ја зеде дополнителната терапија, која беше доста интензивна, а по 45 минути, кога пристигна тимот лекари од САД, измерените вредности на крвниот притисок беа 165/98, што јасно покажува дека притисокот пред да се земе терапијата бил значително поголем отколку во моментот на мерењето. При прегледот во ВМА каде што пристигна денеска околу 13 часот, немаше проблеми и се чувствуваше добро – изјави Динчиќ.
Тој рече и дека по потребните прегледи и анализи, Конзилиумот на лекари на ВМА констатирал дека моменталната здравствена состојба на Вучиќ е стабилна и задоволителна.
Регион
Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Таа изјави дека здравствената состојба на шефот на државата Александар Вучиќ, кој го прекина престојот во Флорида и попладнево се врати во Белград, е сериозно нарушена.
Вучиќ бил примен на Военомедицинската академија, каде што го пречекале министерот за здравство Златибор Лончар и Драган Динчиќ, поранешен лекар на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, објави „Блиц“.
Ана Брнабиќ изјави дека била планирана средба меѓу Вучиќ и американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида.
Регион
Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат неофицијално српските медиуми.
Претседателот беше пречекан на ВМА од министерот за здравство Златибор Лончар.
На претседателот на Србија ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побара медицинска помош и по прегледот одлучи да се врати во Србија. Поради ова, претседателот на Србија не се појави на главните настани за кои дојде во САД.
Според информациите на Танјуг, на Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време. Во тој момент, во просторијата со претседателот Вучиќ, подготвувајќи се за состаноците, биле министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ.
Канцеларијата на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.