Свет
Трамп: Имаме толку многу проблеми со Јужна Кореја, а тие им даваат „Оскар“
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Американската филмска академија за доделувањето на Оскар за најдобар филм на „Паразит“ на Јужна Кореја, наведувајќи дека тоа е земја со која Америка има „доволно трговски проблеми“.
„Што по ѓаволите се случи таму? Имаме доволно проблеми со Јужна Кореја во трговијата и згора на тоа тие се наградени за најдобар филм на годината. Дали е добар? Не би знаел“, рече Трамп на предизборниот митинг во Колорадо, пренесе АП.
„Вратете ни ги назад ’Однесено од виорот ’, ‘Булеварот на самракот’, толку големи филмови“, додаде Трамп.
Филмот „Паразит“ инаку, во американските киносали беше прикажан несинхронизирано, на оригинален јазик со превод.
Дистрибутерот на филмот со седиште во САД, „Неон“, одговори на „Твитер“ на критиките на Трамп: „Тоа е разбирливо. Тој не знае да чита“.
Филмот на Бонг Џун-хо освои четири награди на Оскарите, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм.
Исто така, Хо доби „Оскар“ за режија, сценарио и странски филм и со тоа стана апсолутен победник во Холивуд.
Ова е првпат во историјата на Оскарите, еден азиски филм да биде во потесен избор за најдобар филм на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата: Мора да се почитува прекинот на огнот, како и испораката на хуманитарна помош
Папата Франциско повика да се почитува примирјето во Газа, како и да се зголеми хуманитарната помош и да се вратат заложниците.
„Се надевам… дека (прекинот) веднаш ќе се почитува од страните“, рече Папата на крајот од молитвата Ангел Господов, додавајќи дека се надева дека „сите заложници конечно ќе можат да се вратат дома во прегратката на нивните најблиски“.
„Изразувам благодарност до сите посредници: ова е добра посредничка работа за постигнување мир“, рече Папата.
„Им благодарам на сите страни кои учествуваа во овој важен резултат“, додаде тој, апелирајќи: „Се надевам дека партиите веднаш ќе го почитуваат договореното“.
„Исто така, се надевам дека хуманитарната помош ќе стигне уште побрзо до жителите на Газа, кои имаат толку многу итни потреби“, рече папата Франциско.
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа стапи на сила во неделата, речиси три часа по првично договорениот рок, паузирајќи ја 15-месечната војна која донесе пустош и сеизмички политички промени на Блискиот Исток.
Свет
Зеленски: Спроведовме низа акции против предавниците
Украинските власти вчера спроведоа акции против предавниците, рече претседателот Володимир Зеленски во своето секојдневно обраќање.
„Денес, украинските агенции за спроведување на законот уште еднаш се покажаа многу добро: Службата за безбедност на Украина, Државното истражно биро, Националната полиција и нашето обвинителство“, рече Зеленски.
„Ние се спротивставуваме на предавниците и разните шеми кои ја ослабнаа нашата држава и нашето украинско општество. И секој кој е против Украина или им пркоси на украинските закони мора да запомни дека ќе се соочи со одговор“, додаде тој.
Украинската разузнавачка агенција СБУ и јавното обвинителство во текот на денот издадоа невообичаено голем број изјави за осомничени соработници и руски агенти кои беа уапсени.
СБУ пријави апсење на шеф на оддел во државна банка. Тие велат дека директорот на банката бил вклучен во финансирањето на руската војна против Украина.
Во друг случај, опозицискиот ТВ водител Макс Назаров беше уапсен поради наводно оправдување на Русија кога го започнала конфликтот.
Во друг извештај се споменува разоткривање на шпионска мрежа управувана од домашната руска разузнавачка служба, ФСБ. Се вели дека групата била активна во главниот град Киев и Харков во источна Украина. Ниту тоа не можеше да се потврди независно.
Конечно, во регионот Днепропетровск, тајната служба тврди дека открила компанија која наводно и помогнала на Русија да изгради лабораторија за развој на нуклеарно оружје.
Русија, која е нуклеарна сила и има голем број нуклеарни оружја, за возврат ја обвинува Украина дека бара такво оружје за масовно уништување.
Свет
4.000 камиони со хуманитарна помош се подготвени да влезат во Газа
Агенцијата на Обединетите Нации за палестинските бегалци соопшти дека 4.000 камиони со хуманитарна помош се подготвени да влезат во Газа денес, oткако стапи во сила прекинот на огнот.
Околу половина од нив носат храна и брашно.
Том Флечер, заменик-генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош (OCHA), напиша во објава на „Икс“ дека нема време за губење.
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас стапи во сила по речиси тричасовно одложување.
Според договорот, хуманитарната помош во Газа ќе биде зголемена до 600 камиони дневно. Сепак, официјален претставник на ОН за хуманитарна помош претходно предупреди дека ова ќе биде само почеток во решавањето на хуманитарната криза во појасот.